Овошја кои позитивно влијаат на хемоглобинот: Богати се со витамин Ц, железо, антиоксиданти...

Точка

22/03/2024

15:40

7.410

Големина на фонт

а а а

Соодветното ниво на хемоглобин е од пресудна важност затоа што тој го пренесува кислородот од белите дробови до сите делови на телото.

Наредните пет овошја се богати со железо, фолат, витамин Ц и други хранливи материи, а истите можат да придонесат природно да се зголеми нивото на хемоглобин во организмот.

Јаболко

Богато со железо и витамин Ц, јаболкото може да помогне во подобрување на нивото на хемоглобин. Железото во јаболкото е во облик којшто лесно се апсорбира во организмот, што го прави одличен извор за борбата против анемија.


Калинка

Калинката е преполна со железо, витамин Ц и антиоксиданти. Овие материи не само што помагаат во зголемување на нивото на хемоглобин туку ја подобруваат и циркулацијата на крвта и општото здравје на срцето.

Кајсии

Кајсиите се одличен извор на железо, витамин Ц и бетакаротен. Редовното консумирање кајсии може да помогне во произведување здрави црвени крвни зрнца и да го зголеми нивото на хемоглобин.

Суви сливи

Сувите сливи се богати со железо, витамин Ц и бакар кои се неопходни за произведување на хемоглобинот. Исто така тие помагаат во спречување на затвор и го подобруваат здравјето на цревата.


Грозје

Грозјето содржи железо, витамин Ц и антиоксиданти како ресвератрол којшто може да помогне во зголемување на нивото на холестерол и подобрување на општото здравје.




Спонзорирани линкови

Маркетинг