Вапцањето на велигденски јајца со помош на свила е техника што мора да ја испробате - неверојатно е едноставна, а крајниот резултат е божествен.
Како ќе ги обоите велигденските јајца годинава? Освен првиоте јајца, кои според православната традиција мора да бидат црвени, кои се вашите омилени дезени? Некои домаќинства често ја избираат техниката на вапцање со кромид, с попопуларн е вапцањето со вино и шеќер, а хит на интернет се јајцата во пастелни бои за кои се користи шлаг. Има и понова финта, а тоа е вапцање јајца со свила. Звучи луксузно, и тоа со причина. Вака вапцаните јајца за Велигден се навистина уникатни и, всушност, многу едноставни за подготовка.
На веб-страницата на Марта Стјуарт ќе најдете еден куп идеи и техники за вапцање на велигденски јајца, а техниката што нè освои е токму оваа со парчиња свила. Потребни ви се парчиња свила, по можност со интересен дезен, можете да ги исечете од стара марама, дури и вратоврска што излегла од мода. Кога ќе ги подготвите јајцата за вапцање, варете ги околу 20 минути и додека течноста полека зоврива, шарите се префрлаат на лушпата оставајќи прекрасна трага.
Потребни состојки:
- свилен материјал со принт
- тврдо варени јајца
- ножици за ткаенини
- бела ткаенина
- конец
- оцет
Подготовка:
Исечете квадрат свила поголема од јајцето. Ставете ја ткаенината со отпечатена страна нагоре и ставете го јајцето во центарот. Цврсто завиткајте ја свилата околу јајцето (што е можно поцврсто, инаку шарата ќе излезе замачкан). Врзете со конец или ластиче. Ставете го јајцето завиткано во свила на парче бела ткаенина (сечено од стара маица или чаршаф). Завиткајте и прицврстете како во првиот чекор. Повторете ја постапката за секое јајце.
Ставете ги јајцата во тава. Наполнете со вода додека не се покријат јајцата, додадете 3 лажици бел оцет и ставете на средна температура. Оставете да зоврие, а потоа намалете ја топлината и вриејте 20 минути. Извадете ги јајцата, оставете ги да се изладат и одвиткајте. Избришете ги бојадисаните јајца со крпа натопена во масло за убаво да заблескаат.