ФОТО | На Никола Роквиќ на осмиот ден од пешачењето до Грција му се придружија две многу важни личности во неговиот живот

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Српскиот пејач Никола Роквиќ пред осум дена пеш тргна на пат до Атина до манастирот Свети Нектариј Егински во Грција, долг 1.060 километри.

Никола дневно пешачи/трча по 30 километри, а на социјалните мрежи се огласува и ги информира своите следбеници за деталите од неговата хуманитарна мисија.

Пејачот сега на својата инстаграм-приказна откри дека има друштво на ова патување, поточно дека му се придружиле мајка му Славица и тетка му Сузана.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Овде и јас имам поддршка. Тука се мајка ми и тетка ми. Мајки, како оди?“, ги прашал Никола, а тие одговориле: „Одлично, одиме за Грција“.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Потсетуваме, пејачот истиот ден откри дека досега собрал шест милиони динари за својата хуманитарна акција, поточно за собирање средства за детската онкологија. Сето тоа го организира во рамките на фондацијата „Семејство“ која ја основа со сопругата Бојана и која има за цел да им помогне на многудетните семејства, на загрозените и болните деца, како и на младите таленти.

Никола Роквиќ пеш тргна кон Грција, мора да помине 1.150 километри

ВИДЕО | За Велигден ќе помине низ Македонија: Колку пари собрал Никола Роквиќ на мисијата на која пеш тргна за Грција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот