Удинезе и Рома го завршија прекинатиот меч во Серија А

фото: EPA-EFE/GABRIELE MENIS

Фудбалерите на Удинезе и Рома го комплетираа прекинатиот натпревар од 32 коло во италијанската Серија А. Гостите од Рим славеа со гол во судиското надополнување – 1:2.

Потсетување дека овој меч стартуваше на 14 април и истиот беше прекинат во 72 минута, откако дефанзивецот на Рома, Еван Ндика колабираше на теренот, па вечерва беа одиграни преостанатите 18 минути од натпреварот, плус судиското надополнување.

Пред да биде префрлен во болница, Ендика на носилки беше изнесен од теренот. Оттогаш тој беше пуштен од болница и доби дозвола да се врати во првиот тим. Сепак, тој не беше во комбинација за денешниот дуел, а не беше ниту Ромелу Лукаку, кој го реализираше првиот гол на „волчицата“

Резултатот беше нерешен 1:1 на паузата, а заврши со победа на гостите од 2:1. Стрелец во судиското надополнување беше Брајан Кристанте по асистенцијата на Пауло Дибала.

Бодовите им беа неопходни на двете екипи, Удинезе да избегне испаѓање, Рома во борба за место во Лигата на шампионите. Рома е петта на табелата со 58 бодови, четири помалку од Болоња на четвртото место. Удинезе е на 17 место со 28 бодови, исто колку и Фросинине, најблискиот тим под линијата во генералниот пласман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот