Измамниците повторно испраќаат лажни пораки за наводни пратки

Граѓаните во Македонија од вчера повторно добиваат лажни СМС пораки за наводна пратка од Македонски пошти.

Граѓаните се предупредуваат да не го отвораат дадениот линк и веднаш да ја блокираат пораката.

Повикувачките телефонски броеви откриваат дека пораките се испратени од Виетнам и од Индија, додека пак наведениот линк во пораката води до место каде што треба да ги оставите вашите лични податоци како име, презиме и број на трансакциската сметка од каде измамниците ќе ви повлечат средства.

Претходно, од Македонски пошти неколку пати се огласија дека тие не се испраќачи на наведените пораки и апелираа до граѓаните да не ги отвораат пораките за да не наседнат на измамите.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното