ВО ЖИВО | Избори 2024 – вести од минута во минута
Во Македонија вчера се одржаа претседателски и парламентарни избори.
Во продолжение можете да ги следите ги најновите информации од минута во минута.
Избори 2024
9 мај, 2024 15:28
Оставки после пораз кај нас се непостоечки ставки – иако дебело поразени, Ковачевски, Арсовска и Јакимовски не се повлекуваат
За оставка прашајте ме по парламентарните избори на 8 мај, јас сум претседател на партијата и нормално дека чувствувам одговорност, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски по првиот круг од претседателските избори вечерта на 24 април кога Стево Пендаровски освои двојно помалку гласови од Гордана Сиљановска Давкова, но вечерта на 8 мај, по катастрофалниот пораз и на парламентарните избори – не само што не поднесе неотповиклива оставка, туку не одговори ниту на новинарските прашања на оваа тема. Наместо да се повлече од партиската функција како најодговорен за поразот на СДСМ, кој освои само 18 пратенички места во Собранието наспроти ВМРО-ДПМНЕ кои освоија уверливи 58 пратенички мандати, во својот говор синоќа Ковачевски одговорноста ја раздели на сите партиски функционери и најави отчетен конгрес на кој ќе се дискутира за причините за лошите резултати и ќе се избере ново партиско раководство.
9 мај, 2024 15:21
Ахмети заглавен меѓу црвените линии на Мицкоски
Економски силна држава, фронт против криминалот и корупцијата, како и реализација на стратешкиот интерес за евроинтеграција се трите црвени линии кои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ги стави на маса пред потенцијалните партнери „Вреди“, ЗНАМ и Левица за влез во владина коалиција. По огромната победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на парламентарните и на претседателските избори, Мицкоски најави дека ќе ги исцрта условите за преговори со можните владини партнери.
9 мај, 2024 15:00
Ќе имаме ниски даноци, ќе тргуваме со крипто-валути, ќе се врати „Купи куќа за млади“ …
Платформата #1198 содржи 1198 проекти, мерки, програми и политики со кои решаваме огромен број проблеми кај граѓаните, затоа што за нас луѓето се на прво место. Овој визионерски документ содржи конкретни реформски мерки и политики што ќе генерираат динамичен и повисок животен стандард, повисоки плати и пензии, притоа обезбедувајќи ред и правда за сите“, пишува во документот., што треба да го реализира новата влада
9 мај, 2024 14:43
Деспотовски: Потребна е храброст кај врвот на партијата да ја прифати реалноста од изборниот пораз
Јован Деспотовски, директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ) и член на СДСМ, преку Фејсбук-статус порача дека е потребна храброст кај врвот на партијата да се прифати реалноста од изборниот пораз. Деспотовски посочува дека не им се потребни условени оставки кои ќе се ефектуираат доколку и другите си поднесат оставки, туку, секој треба да почне од себе без да го чека партискиот другар до него.
9 мај, 2024 13:45
Илир Мета му ја честита двојната победа на ВМРО-ДПМНЕ
Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета го поздрави изборниот резултат во Македонија, наведувајќи дека „отсекогаш бил симпатизер на ВМРО ДПМНЕ“.
-Честитки Мицкоски. Се знаеше дека ВМРО ќе победи! Но, не толку убедливо! Се знаеше дека и ВЛЕН вредеше! Ама дека вредело толку?! Дека „Интернационалата“ на родител 1 и родител 2(СДСМ/ДУИ) ќе изгуби и тоа се знаеше! Но, во овие димензии?! Благодарност до поранешниот градоначалник на Тирана (се мисли на Еди Рама). Без вашиот придонес, овој фантастичен резултат би било тешко да се постигне, напиша Мета на објава на Фејсбук.
9 мај, 2024 13:35
Атина очекува да ги чуе позициите на новата Влада во Скопје, а потоа ќе коментира
Чекаме да ги видиме декларациите на новата Влада, штом биде формирана и штом положи свечена заклетва и овде сме да коментираме што било друго, рече портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина во однос на очекувањата на Грција од новата Влада кај нас.
9 мај, 2024 13:10
ИНФОГРАФИК: Сиљановска го победи Пендаровски со разлика од над 300 илјади гласови
По преброени 99,09 отсто од гласачките ливчиња, Сиљановска-Давкова освои 560.170 гласови (65,14%), а нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски од СДСМ 251.541 (29,25%).
9 мај, 2024 13:07
Инаугурацијата на Сиљановска-Давкова на 12 мај
Седницата за инаугурацијата на првата жена претседател на државата Гордана Сиљановска-Давкова Собранието ќе ја закаже на 12 мај в недела, денот кога завршува мандатот на актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски, потврдуваат за „Слободен печат“ собраниски извори.
9 мај, 2024 12:49
Вархеји до Мицкоски: Честитки за убедливата победа, да работиме заедно на следното ниво од пристапниот процес
Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји му ја честиташе победата на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашните парламентарни избори на партискиот лидер Христијан Мицкоски.
- Честитки за убедливата победа. Подготвени сме да работиме заедно за да го подигнеме ЕУ пристапниот процес на Северна Македонија на следното ниво, наведе Вархеји во честитката до Мицкоски објавена на платформата Икс.
9 мај, 2024 12:45
По изборните резултати Тренчевска се повлекува од функцијата претседателка на форумот на жени на СДСМ
Дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска на својот фејсбук профил објави дека се повлекува од функцијата претседателка на форумот на жени на СДСМ. Таа потенцираше дека од партиските структури се повлекува целосно одговорно и самосвесно, со сигурност дека не ја изневерила довербата која и беше дадена.
9 мај, 2024 12:14
ИНФОГРАФИК: Како ќе изгледа новиот собраниски состав?
Од досегашните обработени податоци на Државната изборна комисија (99,27%) за парламентарните избори, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 431.251 (43,23%) или 58 мандати во новиот собраниски состав. Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 153.250 (15,36%) – 18 пратеници, Европски фронт на ДУИ 137.486 (13,78%) – 19 пратеници, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 106.991 (10,72%) – 13 мандати, Левица има 67.338 гласа (6,75%) – 6 пратеници, а Движење ЗНАМ – За наша Македонија 55.539 (5,57%) – 6 пратеници.
9 мај, 2024 11:54
Вреди со повеќе гласови од Европски фронт во Чаир
Коалицијата Вреди издвојуваше победа во општина Чаир. Коалицијата Вреди во Чаир, освои 13.570 додека пак Европски фронт на ДУИ, 11.032.
9 мај, 2024 11:49
Политико за изборите: Победата на ВМРО-ДПМНЕ ќе влијае на односите со Грција и Бугарија и ќе го искомплицира влезот во ЕУ
Победата на десничарската партија ВМРО-ДПМНЕ може да ја искомплицира целта на Северна Македонија за влез во ЕУ и да влијае на односите со соседите Бугарија и Грција, пишува Политико.
9 мај, 2024 11:42
Маричиќ: Новата власт има доволно поддршка да ги продолжи европските реформи
Новата власт има доволно гласови и поддршка од граѓаните за да ги решава сите напластени проблеми, но и да ги продолжи европските реформи и да не застрани од патеката на европската интеграција и регионалната соработка, нешто што во повеќе наврати беше јавно промовирано и ветувано од нивна страна, вели вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.
9 мај, 2024 11:39
Демократски сојуз: Двојната победа огромен предизвик
Демократски сојуз, претседaтелските и парламентарните избори ги оценува како фер и демократски. Пројавените нерегуларности треба да бидат предмет на работа на надлежните институции.
„Двојната победа со која Гордана Силјановска Давкова стана првата жена претседател на Македонија и освоените 58 пратенички мандати на Коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, претставува огромна чест и доверба, но и одговорност и силен предизвик за ветените коренити реформи и зајакнување на темелите на Македонија, како демократска, суверена и модерна европска држава“, велат од Демократски сојуз.
9 мај, 2024 11:33
Сиљановска-Давкова во вториот круг освои повеќе гласови од Пендаровски во Маврово и Ростуше
Победникот на претседателските избори Гордана Сиљановска-Давкова направи пресврт во резултатот во вториот круг во општината Маврово и Ростуше. Стево Пендаровски во првиот круг од претседателските избори победи во две општини во цела држава меѓу кои и во Маврово и Ростуше но тој резултат беше анулиран во вториот круг. По преброени на сите гласачки ливчиња во оваа општина, за Сиљановска-Давкова гласале 1.431 избирач, додека за Пендаровски 1.261.
9 мај, 2024 11:23
Во Крушево ВМРО-ДПМНЕ победи на парламентарни, Пендаровски на претседателски избори
Во општина Крушево, ВМРО-ДПМНЕ издвојуваше победа на парламентарните избори додека пак Стево Пендаровски победи на вториот круг од претседателските избори. За ВМРО-ДПМНЕ на парламентарни избори гласале 2.075 избирачи, додека пак за Пендаровски гласале 2.546 наспроти 2.458 за Сиљановска-Давкова.
9 мај, 2024 11:09
За Нова алтернатива на Данела Арсовска гласале само 3.438 избирачи во цела држава
Партијата на Нова алтернатива на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска освои само 3.438 избирачи во цела држава по обработени 99 отсто од гласачките ливчиња.
9 мај, 2024 10:56
Пленковиќ им ја честита победата на Мицкоски и Сиљановска-Давкова
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ му ја честита победата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вчерашните парламентарни избори, како и на „новоизбраната претседателка на земјата“. - Честитки до Христијан Мицковски на убедливата изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ. Со нетрпение очекувам да продолжи одличната соработка меѓу Хрватска и Северна Македонија, чиј европски пат силно го поддржуваме. И честитам и на новоизбраната претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, напиша Пленковиќ на Х.
9 мај, 2024 10:51
Пратеник во ИЕ6 се станува со 6.662 гласови, во ИЕ1 со 9.018
Вкупно 2.356 гласови изнесува разликата да се стане пратеник во Изборна единица 6 каде се потребни 6 662 гласови и Изборна единица 1, каде се потребни најмногу гласови на граѓаните, односно 9.018. Во случај на една изборна единица секој од 120-те пратеници би вредел по 8.088 гласа.Во Изборна единица 2, еден пратеник чини 8.577 гласови, нешто помалку во Изборна единица 3 – 8.035 гласови и 8.264 во Изборна единица 4. Изборна единица 5 е местото на кое еден пратеник се добива со 7.959 гласови на граѓаните.
9 мај, 2024 10:00
Грчките медиуми за двојните избори во Северна Македонија: Триумф на ВМРО-ДПМНЕ
Вчерашните двојни избори во Северна Македонија и убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ, утрово е една од главните теми во грчките медиуми, кои ги пренесуваат резултатите, коментираат дека станува збор за голем триумф, посочуваат дека земјата првпат во историјата ќе добие жена претседател, но и анализираат што доаѓањето на власт на опозициската партија ќе значи за односите со Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
9 мај, 2024 09:46
Мандатот за состав на нова Влада десет дена по конституирањето на Собранието
Претседателот на државата е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието, мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Парламентот.
9 мај, 2024 09:45
Орбан честита на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска-Давкова
Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати честитки за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори и победата на нивната кандидатка Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг од претседателските избори, додавајќи дека се радува на идна заедничка соработка.
9 мај, 2024 09:26
Вучиќ и ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и ја честиташе победата на Гордана Сиљановска-Давкова во вториот круг од претседателските избори во Северна Македонија.
9 мај, 2024 09:23
Катимерини: Обновената криза со Македонија доаѓа во незгоден момент за Грција
Потврдата на растечкиот тренд на националистичките сили претставени од ВМРО-ДПМНЕ, преку изборот на новата претседателка на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, и очекуваната влада од истата партија, не ја изненади Атина која се определи за став на чекање и гледање, пишува утрово грчки Катимерини.
9 мај, 2024 09:22
Евроамбасадорот Гир ја честита победата на Сиљановска-Давкова
Амбасадор на Европската Унија во Република Северна Македонија Дејвид Гир, утрово на Х и ја честиташе победата на Гордана Сиљановска-Давкова на вчерашните претседателски избори.
9 мај, 2024 09:21
Радев за изборите во Македонија: Брзо ќе стане јасно во која насока ќе тргне новата претседателка и ВМРО-ДПМНЕ
Бугарскиот претседател Румен Радев утрово, на Денот на Европа, положи цвеќе на споменикот на Непознатиот воин по повод 79-годишнината од победата над нацизмот во Втората светска војна и се осврна на исходот од претседателските и парламентарните избори во Македонија и победата на Гордана Сиљановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ.
9 мај, 2024 09:14
До 9 часот обработени се 99,82 % од гласовите на претседателските избори
Според податоците од Државната изборна комисија, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ има 560.170 гласови, додека кандидатот на СДСМ освоил 251.541 гласови.
9 мај, 2024 09:05
Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите
Мандатот на новиот собраниски состав што беше избран на вчерашните парламентарни избори, почнува да тече од конститутивната седница на Собранието. Според одредбите од Уставот, новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори. Конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав.
9 мај, 2024 09:02
Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај
По официјализирањето на изборните резултати, најдоцна на 12 мај треба да биде свикана собраниска седница за инаугурација на новоизбраната претседателка Гордана Сиљановска Давкова. Таа пред пратениците од стариот состав треба да даде свечена изјава по која и започнува да тече нејзиниот мандат. На 12 мај истекува мандатот на актуелниот претседател кој беше и кандидат за претседател, Стево Пендаровски.
9 мај, 2024 08:57
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопштат првичните оценки за двојните избори
Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР денеска на прес-конференција во 15 часот ќе ги соопштат првичните согледувања од мониторингот на вчерашниот втор круг од претседателските избори и на парламентарните избори.
9 мај, 2024 08:51
Двојна победа на ВМРО-ДПМНЕ
Со победа на Гордана Силјановска Давкова и на ВМРО-ДПМНЕ, според првичните резултати на ДИК завршија претседателските и парламентарните избори во земјава.
9 мај, 2024 08:29
Во новиот собраниски сотав ВМРО-ДПМНЕ ќе има 58 пратеници, ДУИ 19, СДСМ 18, Вреди 13, а Левица и ЗНАМ по 6
Според првичните резултати од вчерашните парламентарни избори што Државната изборна комисија ги објави утрово на својата веб-страница, од обработени над 99,27 проценти од гласовите, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 431.251 (43,23%) или 58 мандати во новиот собраниски состав, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 153.250 (15,36%) – 18 пратеници, Европски фронт на ДУИ 137.486 (13,78%) – 19 пратеници, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 106.991 (10,72%) – 13 мандати, Левица има 67.338 гласа (6,75%) – 6 пратеници, а Движење ЗНАМ – За наша Македонија 55.539 (5,57%) – 6 пратеници. Останатите партии и коалиции кои учествуваа на изборите имаат под еден процент гласови.
8 мај, 2024 23:44
ВИДЕО | Славењето на ВМРО-ДПМНЕ продолжи на градскиот плоштад
Симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ од пред седиштето на партијата славењето за двојната победа го продолжија на централниот плоштад во Скопје
8 мај, 2024 23:39
Последни резултати за вториот круг од претседателските избори
8 мај, 2024 23:38
Апасиев: Ја кутнавме црвената буржоазија што беше наш детски сон уште од транзицијата на под 20 пратеника
Претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев вечерва на прес-конференција порача дека им успеало тоа за кое се залагале.
-Ја кутнавме црвената буржоазија, што беше наш детски сон уште од транзицијата на под 20 пратеника, што не го ни сонувавме, изјави Апасиев.
8 мај, 2024 23:30
Мицкоски: Историска победа на народот, време е ДУИ и СДСМ да одат во опозиција
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на прес-конференција порача дека ова е историска победа на народот, а ДУИ и СДСМ треба да одат во опозиција. Тој рече дека го памети секое ветување и со сите сили ќе се обиде да не го разочара народот.
– Историска победа на народот. Победи Македонија која е на Македонците, Албанците, Турците, Србите, на Власите, христијаните, муслиманите, атеистите, на гордиот народ. Падна владата, и има причина за тоа. Криминалот, корупцијата, одземената држава, тендерите, непотизмот, и уште 100 други последици кои направија државата да страда, а народот да е разочаран. Вечерва конечно се поразени, додаде тој.
8 мај, 2024 23:30
Коалицијата предводена од ГРОМ на Стевчо Јакимовски не освои ниту 1.000 гласа во Карпош
Коалицијата „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ на Стевчо Јакимовски не освои ни 1000 гласови во општина Карпош.
Во општината во која е градоначалникот Јакимовски, коалицијата „Храбро за Македонија“ освои само 784 по обработени 92 отсто од гласачките ливчиња.
8 мај, 2024 23:17
Ахмети: Европскиот фронт е втор победник после ВМРО-ДПМНЕ
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го прогласи Европскиот фронт за втора победничка политичка сила после ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи на изборите, како што рече на вечерашната прес-конференција, практично се натпреварувале со ВМРО-ДПМНЕ.
Освен тоа, оцени дека се големи победници над албанската опозиција од која освои над 30.000 повеќе гласови.
8 мај, 2024 23:06
ФОТО+ВИДЕО | Со тапани, зурли, факели и развеани знамиња се слави победата на ВМРО-ДПМНЕ
Голем број на симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ со тапани, зурли, факели и развеани знамиња ја слават победата парламентарните и претседалските избори.
8 мај, 2024 23:05
Димитриевски: ЗНАМ испиша историја, ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за граѓаните
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија вечерва испиша историја. Потврдивме минимум пратеничка група и некаде околу 60 илјади гласови. Ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за граѓаните, изјави вечерва претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски.
8 мај, 2024 22:55
По обработени 78% од гласачките ливчиња: ВМРО-ДПМНЕ 59 пратеници, Европски фронт 19, СДСМ 18 пратеници
По обработени 78,56% од гласачките ливчиња, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освојува 59 пратеници, Европски фронт на Дуи 19 пратеници, СДСМ и коалицијата 18 пратеници, Вреди 13 пратеници, Левица 6 пратеници, а во новиот Собраниски состав ќе влезе и ЗНАМ со 5 пратеници.
8 мај, 2024 22:41
ВМРО-ДПМНЕ ја слави изборната победа
8 мај, 2024 22:30
Арсовска сепак ќе остане градоначалничка, Нова алтернатива без шанси за пратеник
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска која е и носителка на партијата на Нова алтернатива во првата изборна единица сепак нема да влезе во Собранието и ќе остане да раководи со градот.
Нова алтернатива на територија на цела држава освои нешто над 3 илјади гласови по обработени 80 отсто од гласачките ливчиња, додека пак во првата изборна единица освои близу 1.500 гласа.
8 мај, 2024 22:24
Европски фронт со повеќе гласови од коалицијата на СДСМ во петата изборна единица
Коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ има повеќе гласови од коалицијата предводена од СДСМ во петата изборна единица. По обработени над 70 отсто од гласачките ливчиња најмногу освоени гласови има ВМРО-ДПМНЕ – 50.704, па следат Европски фронт со 19.280 гласа додека пак СДСМ има 18.987 гласа.
8 мај, 2024 22:24
ВМРО-ДПМНЕ со три пати повеќе гласови од СДСМ по обработени над 75% од гласачките ливчиња
ВМРО-ДПМНЕ има три пати повеќе гласови од СДСМ по обработени над 75 отсто од гласачките ливчиња.
8 мај, 2024 22:08
Прес-конференција на Димитар Ковачевски
8 мај, 2024 22:06
Пендаровски: Им честитам на победниците
Актуелниот претседател и кандидат за нов мандат Стево Пендаровски го призна поразот на изборите и им честиташе на победниците.
– Сакам да им честитам на победниците и да им посакам успешна работа во следните четири години. Мојот концепт за жал не доби поддршка, но јас сум убеден дека само таква Македонија може да биде напредна, рече Пендаровски на вечерашната прес-конференција.
8 мај, 2024 21:57
Прес-конференција на Гордана Сиљановска-Давкова
8 мај, 2024 21:54
ВИДЕО | Симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ заигра пред седиштето на Левица
Симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ со знаме на партијата заигра пред штабот на Левица поттикнат од изборниот резултат на ВМРО-ДПМНЕ.
8 мај, 2024 21:41
ВМРО ДПМНЕ ја слави победата пред седиштето на партијата во Битола
Пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Битола симпатизерите на партијата ја слават победата на изборите.
Според податоците од Државната изборна комисија во Битола, на Претседателските избори на 67,94 отсто обработени гласови, кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова има 21.379 гласови, а кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски има 9.215 гласови.
8 мај, 2024 21:38
ВО ЖИВО | Обраќање на Стево Пендаровски
8 мај, 2024 21:26
Левица: Пасокизацијата почна, во многу места сме пред СДСМ
Со звуците на антифашистичката „Бела чао“ пред партиското седиште Левица во победничка атмосфера ги слави постигнатите резултати на парламентарните избори.
8 мај, 2024 21:22
ДИК парламентарните избори: ВМРО-ДПМНЕ 39,14%, ДУИ 17,46%, Вреди 14,41%, СДСМ 13,21%, Левица 6,44%, ЗНАМ 4,72%
Првичните резултати од денешните парламентарни избори што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница, покажуваат дека од обработени 54,36 отсто од избирачките места, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 188.616 (39,14%), Европски фронт на ДУИ 84.156 (17,46%), Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 69.445 (14,41%), а Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 63.641 (13,21%).
8 мај, 2024 21:21
Резултати од ДИК за вториот круг од претседателските избори
8 мај, 2024 21:18
Изборна единица 6: Мртва трка помеѓу Европски фронт и Вреди
Европски фронт и Вреди во мртва трка во шестата изборна единица. По близу 70% обработени гласачки ливчиња коалицијата предводена од Дуи има 35.246 гласови додека пак Вреди 31.837.
8 мај, 2024 21:00
Обработени 40% од гласачките ливчиња: ВМРО-ДПМНЕ 118.498, СДСМ 40.281 гласови
ВМРО-ДПМНЕ води со речиси 80 илјади гласови разлика во однос на коалицијата предводена од СДСМ по обработени 40 проценти од гласачките ливчиња.
8 мај, 2024 20:57
Адеми: Европскиот фронт има 30.000 гласови повеќе од албанската опозиција
Демократската унија за интеграција во Изборниот штаб во Мала Речица излезе со првични резултати од денешното гласање според кои Европскиот фронт пред албанската опозиција со 30.000 гласови.
8 мај, 2024 20:56
Изборна единица 1: По обработени 30% од гласачките ливчиња ВМРО-ДПМНЕ во водство
Во Изборна единица 1 по обработени 30% од гласачките ливчиња, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е во водство. Опозицијата има освоено 20.104 гласови, ВРЕДИ со 11.277 гласа, Европски фронт со 10.273 гласа и СДСМ и коалицијата со 6.358 гласа.
8 мај, 2024 20:52
Последни бројки од вториот круг на претседателските избори
8 мај, 2024 20:48
Најнови резултати од вториот круг од претседателските избори
8 мај, 2024 20:47
ЗНАМ: Граѓаните не дозволија државата да се соочи со институционална криза
Граѓаните на Македонија покажаа дека се државотворни и со обезбедувањето на потребниот цензус за избор на претседател не дозволија државата да се соочи со институционална криза, порача портпаролот на Движењето ЗНАМ, Никола Мемов вечерва на прес-конференција.
8 мај, 2024 20:44
МВР: Изборите поминаа во фер, демократска и слободна атмосфера, можеби најмирните досега од безбедносен аспект
Во рамки на надлежност на МВР не се констатирани посериозни прекршувања на изборниот процес во текот на целиот ден. Се одржаа можеби најмирните, најдемократските и најфер избори кои што кога било се случиле, особено од безбедносен аспект, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на заедничка прес-конференција со дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, по завршувањето на двојните избори.
8 мај, 2024 20:32
Првични резултати од парламентарните избори
ДИК првични резултати од парламентарните избори: ВМРО-ДПМНЕ 34,11% ДУИ 22,22%, Вреди 18,68%, СДСМ 11,55%, Левица 5,29%, ЗНАМ 3,87
8 мај, 2024 20:31
ВИДЕО | Во живо од штабот на ЗНАМ
8 мај, 2024 20:29
Последни резултати од вториот круг од претседателските избори
8 мај, 2024 20:27
ВИДЕО: Пред штабот на Вреди огради и полициско обезбедување, поддржувачите слават со зурли и тапани
8 мај, 2024 20:26
Првични резултати од ДИК за претседателските избори
Државната изборна комисија почна да ги објавува првичните резултати од претседателските избори.
Во моментов, според податоците од веб-страницата на ДИК, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова има двојна предност пред кандидатот поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски.
8 мај, 2024 20:16
Први резултати за вториот круг од претседателските изброи
8 мај, 2024 20:14
Муцунски: ДУИ оди во опозиција, бојкотот не успеа
Муцунски пред новинарите кажа дека е сосема извесно оти Гордана Сиљановска Давкова ќе биде новата претседателка на држава и дека очекуваат подобар резултат од првиот круг. Според него, вечерва ќе се види составот на новата влада.
8 мај, 2024 20:12
Пред штабот на Вреди огради и полициско обезбедување
Пред изборниот штаб на албанската коалиција Вреди кај плоштадот “Скендербег“ во Скопје се поставени заштитни баридаки и се забележува присуството на полиција.
8 мај, 2024 20:06
Касами: Негласањето е полоша опција, со тоа создаваме институционална криза
Претседателот на партијата Движење Беса, Биљал Касами го исполни своето право на глас во Тетово за претседателските и парламентарните избори. Тој заедно со сопругата гласаше на избирачкото место 1947 во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.
8 мај, 2024 20:04
Претседателски избори: Најголема излезност во Новаци, најмала во Липково
Најголема излезност на претседателските избори има во Новаци-72,76% додека најмала во Липково со 7,35%. Споредбено со претходните претседателски избори има помала излезност за 3 отсто.
На парламентарните избори до 19 часот гласале 887.767 илјади гласачи или 53,30 отсто. Најголема излезност за парламентарни избори имало исто така во Новаци со 74.85% додека најмала во Центар Жупа со 18,62%. Излезноста е поголема за 7 отсто за разлика од претходните избори.
8 мај, 2024 20:03
Меџити: Ахмети ја запечати својата конечна изолација од денеска е најголемиот политички губитник
Претседателот на Коалицијата Вреди, Изет Меџити на прес-конференција вечерва порача дека тие се апсолутни победници во албанскиот кампус и оцени дека денешниот изборен процес беше сè освен демократски. Државните институции кои имаа задача да го гарантираат процесот, Меџити вели дека се ставиле во служба на ДУИ.
8 мај, 2024 19:53
Таравари: По 22 години мислам дека ДУИ од денес е во опозиција
Гостиварскиот градоначалник и кандидат за претседател во првиот круг од Коалицијата Вреди, Арбен Таравари порача дека по овие избори ќе се смени власта во Македонија. Тој во изјавата за медиумите по гласањето апелираше на до граѓаните на помасовна излезност.
8 мај, 2024 19:51
Муцунски: ДУИ оди во опозиција, бојкотот не успеа
Со честитки за целиот народ по денешното гласање на дојните избори Тимчо Муцунски ја започна вечерашната прес-конференција во ВМРО-ДПМНЕ.
8 мај, 2024 19:44
Неготинка на телефон ѝ кажувала на познаничка за кого да гласа, со напомена дека добива ИПАРД помош
Неготинка телефонски вршела притисок кај жена да гласа за една политичка партија, напоменувајќи ѝ дека е корисник на ИПАРД помош. За неа Јавното обвинителство Кавадарци оформи предмет за кривично дело „повреда на слободата на определување на избирачите“ од член 160 од Кривичниот Законик.
8 мај, 2024 19:40
Кузеска: Изборите беа фер и демократски
Портапролката на СДСМ, Богданка Кузеска вечерва изјави дека граѓаните можеа слободно да ја искажат својата волја и им се заблагодари на сите што излегле на изборите, особено на оние кои гласале за СДСМ, Коалицијата за европска иднина и кандидатот за претседател Стево Пендаровски.
8 мај, 2024 19:38
Адеми: Европскиот фронт ги остави поддржувачите сами да одлучат како ќе се однесуваат на претседателските избори
Изборниот процес се одвиваше мирно, без инциденти кои би можеле да се одразат на овој процес. Благодарност до секој гласач што ја избра европската иднина на земјата и да ги осудиме обидите на опозицијата која преку пропаганда лажни вести и дезинформации сакаше да сее страв и паника, порача портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми на прес-конференција.
8 мај, 2024 19:37
Пендаровски: Оптимист сум, очекувам да ги добијам гласовите на противкандидатите од првиот круг
Актуелниот претседател на државата и кандидат за втор мандат Стево Пендаровски денеска гласаше го оствари своето право на гласво МЗ Автокоманда во општина Гази Баба.
8 мај, 2024 19:33
Разлика во одзив на претседателските избори (прв и втор круг)
8 мај, 2024 19:23
Сиљановска-Давкова: Се надевам дека граѓаните ќе го изберат кандидатот по нивна мерка
Се надевам дека граѓаните ќе сфатат оти избирачкото право е нивно, едно од најважните политички права, ќе го употребат и ќе го изберат кандидатот по нивна мерка, изјави денеска кандидатката за претседател на државава поддржана од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска – Давкова, по гласањето на претседателските и парламентарните избори.
8 мај, 2024 19:16
Митрески: Правото на глас е врвно демократско право
По остварувањето на своето граѓанско право на глас во избирачкото место 1861 во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга, тој нагласи дека денес е еден од поважните денови во државата.
8 мај, 2024 19:14
Џафери очекува денот да заврши мирно и без проблеми
Техничкиот премиер, Талат Џафери утрово го исполни гласачкото право и смета дека се исполнети сите услови за одвивање на изборниот процес.
8 мај, 2024 19:12
Македонија гласаше, затворени гласачките места
Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните на Македонија денеска можеа да гласаат на вториот круг од седмите претседателски и на 11-те парламентарни избори. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.
8 мај, 2024 19:08
Граѓаните ја имаат финалната одлука во кој правец ќе се движи државата, вели Ковачевски
Претседателот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски денеска изјави дека очекува демократски избори на кои граѓаните слободно ќе го дадат својот глас и со тоа ќе одлучат каква ќе биде иднината на државата.
8 мај, 2024 19:07
Сиљановска-Давкова победник кај гласачите од дијаспората
Според конечните бројки од гласовите на македонските државјани од дијаспората, кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова победи со 570 гласови наспроти кандидатот поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски, кој освои 216 гласови. 21 од гласовите се неважечки.
8 мај, 2024 19:05
Слободен печат во живо од седиштето на СДСМ
8 мај, 2024 19:02
Пендаровски: Оптимист сум, очекувам да ги добијам гласовите на противкандидатите од првиот круг
Прашан дали е оптимист по резултатите од првиот изборен круг, Пендаровски рече дека секогаш бил оптимист.
– Јас секогаш бев оптимист по резултатите од првиот круг затоа што знаев дека кандидатите кои отпаднаа, тоа беа околу 330 илјади гласови, се повеќе и поблиски до мојот политички кокнцепт кој го застапувам од концептот на противкандидатката, појасни Пендаровски.
8 мај, 2024 18:46
Во Чашка гласале 38,02 проценти за претседател и 47,20 отсто за пратеници
Во Чашка до 17 часот на 31 избирачко место од 6.076 на списокот за избор на претседател гласале 38,02 проценти , а од 6.083 на списокот за избор на пратеници до 17 часот гласале 47,20 проценти. Воедно појаснува дека се се одвива според правилата за избор и во фер и демократска атмосфера и додава дека се во постојан контакт со избирачките одбори.
8 мај, 2024 18:45
Во Струга излезноста за претседател 23 проценти, за парламентарните избори 35 отсто, во Вевчани над 63 проценти
До 17 часот во Струга и струшко за претседател гласале 23 проценти од регистрирани 61.496 гласачи во единствениот избирачки список. За парламентарните избори пак излезноста е 35 проценти.
Во Вевчани за избор на претседател и за пратеници гласале над 63 отсто од регистрираните 2.072 гласачи.
8 мај, 2024 18:41
Во Делчево и Македонска Каменица над 13.500 избирачи го оствариле своето право на глас
Вкупно 7 039 граѓани од евидентираните 14 515 гласачи во вториот круг од Претседателските избори го оствариле своето право на глас до 17 часот во Делчево. За Парламентарните избори, како што додадоа од изборната комисија од оваа општина, од 14.569 избирачи, до 17 часот гласале 7.048 гласачи.
8 мај, 2024 18:41
Во Делчево и Македонска Каменица над 13.500 избирачи го оствариле своето право на глас
Вкупно 7 039 граѓани од евидентираните 14 515 гласачи во вториот круг од Претседателските избори го оствариле своето право на глас до 17 часот во Делчево. За Парламентарните избори, како што додадоа од изборната комисија од оваа општина, од 14.569 избирачи, до 17 часот гласале 7.048 гласачи.
8 мај, 2024 18:35
ДИК: Излезеноста до 17 часот на претседателските избори 39,33 отсто
До 17 часот на претседателските избори гласале 707.565 граѓани или 39,33 отсто. На парламентарните избори излезноста до 17 часот е 45,88 отсто, односно гласале 828.029 граѓани. Овие податоци се од официјалната веб-страница на ДИК.
8 мај, 2024 18:24
Во Куманово за претседател гласале 37,66 отсто од избирачите, за парламентарните 44,82 отсто
Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), во Куманово за Претседателските избори, излезеноста до 17 часот e 37,66, за Парламентарните е 44,82 отсто. Во Липково според ДИК излезеноста за Претседателските е 6,48 за Парламентарните 35,88 проценти. Во Старо Нагоричане пак за Претседателските е 46,17 додека за Парламентарни изнесува 46,72.
8 мај, 2024 18:22
Во Југоистокот продолжува трендот на најголема излезност во Дојран и Гевгелија, најмал во Радовиш
Во десетте општини од Југоистокот до 17 часот на вториот круг на претседатеските и парламентарните избори продолжува трендот на најголема излезност во Дојран - 58 отсто и Гевгелија со 56 отсто, а најмала во Радовиш 36 отсто.
8 мај, 2024 18:20
Во Штип излезноста до 17 часот е над 48 отсто на двојните избори
На 74 избирачки места во Штип за на претседателските избори излезноста е 48,13, а на парламентарните избори е 48,09 отсто од вкупниот број на избирачи.
8 мај, 2024 18:18
Во Демир Капија близу 58 отсто излезност, во Неготино близу 56 проценти
Во Демир Капија е регистрирана 57.82 проценти излезност на претседателските избори и 57.67 отсто излезност на парламентарните избори, до 17 часот. Во Неготино евидентирана е излезност од 55.76 отсто на претседателски и 55.63 проценти на парламентарни избори
8 мај, 2024 18:17
Во Кавадарци 51,23 отсто излезеност за претседателски и 51,29 за парламентарни избори
Во Кавадарци до 17 часот е евидентирана 51,23 отсто излезеност за претседателски и 51,29 проценти за парламентарни избори. Во Росоман, 57,11 отсто е излезеноста на парламентарните и 57,28 проценти на претседателските избори, информираа од општинските изборни комисии.
8 мај, 2024 17:57
Над 50 проценти излезеност во Берово и Пехчево до 17 часот
Процентот на излезеност на гласачите на парламентарните избори 2024 во Берово како што информираа од Општинската изборна комисија изнесува 55,89 проценти. Во Пехчево процентот на излезеност од 3.905 регистрирани гласачи за парламентарните и 3.899 за вториот круг од претседателските избори, изнесува 51,3 проценти.
8 мај, 2024 17:56
Во Велес до 17 часот излезеноста е 47,19 отсто на претседателските и 47,93 отсто на парламентарните
Во Велес и велешко на сите 84 избирачки места до 17 часот на гласање во вториот круг за избор на претседател од запишани 44.858 на Единствениот избирачки список за претседател гласале 21.167 или 47,19 отсто од избирачите.
На Единствениот избирачки список од запишани 44.954 за избор на пратеници во Собранието до 17 часот гласале 21.542 или 47,93 проценти од гласачите.
8 мај, 2024 17:53
Во Дебар излезноста до 17 часот на претседателскитe 19 отсто, а на парламнетарните 31 отсто
Во општините Дебар и Центар Жупа, попладнево, пополека се зголемува излезноста на граѓаните кои одлучиле да го искористат граѓанското право на глас.
-Изборниот ден пополека изминува во најдобар ред во сите 27 избирачки места. До 17 часот на претседателските избори гласаа 3.730 или 19 отсто од вкупно запишаните 19.269 лица со право на глас, што е за 10 отсто помала излезност споредено со првиот круг. На парламентарните избори правото на глас го искористија 5.923 или 31 отсто од 19.311 лица, изјави за МИА, Рилинд Хаса, претседател на Oпштинската изборна комисија на Дебар.
8 мај, 2024 17:39
Македонија денеска ќе добие претседател – цензусот е постигнат
Во вториот круг на претседателските избори постигната е излезност на гласачите од 42,32 проценти до 17 часот, објави Државната изборна комисија (ДИК). Ова значи дека е постигнат цензусот со оглед на тоа што до 17 часот гласале 452.412 гласачи.
8 мај, 2024 17:31
Прес-конференција на ДИК за излезноста до 17 часот (ВО ЖИВО)
8 мај, 2024 17:23
ВИДЕОАНКЕТА: Како тече гласањето во Центар?
Мирно, демократски, без никакви нерегуларности, без поголем метеж течеше гласањето на гласачкото место во СУГС „Јосип Броз Тито“ во Општина Центар, Скопје, беше оценката на гласачите кои ги затекна „Слободен печат“ во попладневните часови.
8 мај, 2024 17:19
До 17 часот излезноста во Битола е околу 53 отсто за претседателските и парламентарните избори
8 мај, 2024 16:47
Во делчевското село Киселица до 14 часот од вкупно 11 избирачи, гласале три лица
Во делчевското село Киселица годинава се регистрирани најмал број гласачи за Парламентарните и вториот круг од Претседателските избори. Вкупно се евидентирани 11 лица кои можат да го остварат своето право на глас. Сашко Ивановски, член на избирачкиот одбор составен од седуммина членови, вели дека на избирачкото место 0598 во село Киселица до 14 часот своето право на глас го оствариле тројца гласачи.
8 мај, 2024 16:45
ВИДЕОАНКЕТА: За што гласаат повеќе граѓаните – за претседател или за пратеници?
„Слободен печат“ ја посети гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Општина Центар, Скопје. Мирно, тивко, без поголеми турканици, но со константна раздвиженост на гласачите, вака изгледаше сликата додека нашата екипа беше присутна таму.
8 мај, 2024 16:33
Во Охрид гласале околу 38, во Дебрца околу 37 отсто од гласачите
Заклучно со 15 часот на гласање од вториот круг од Претседателските и Парламентарните избори во Охрид своето право го оствариле 38,41 односно 38,86 отсто од лицата со право на глас, информираат од ОИК. Излезеноста во Дебрца до 15 часот за Претседателските избори е 36,80 додека за Парламентарните е 36,74 проценти.
8 мај, 2024 16:30
Во Тетово до 15 часот за претседател - 21,31 проценти излезеност, за пратеници - 37,01 отсто
За претседател до 15 часот во општина Тетово гласале 21,31 отсто од избирачите или 17.818 од вкупно 86.405 лица во избирачкиот список. По општини во руралниот дел од тетовското подрачје - до 15 часот во Теарце излегле 15,76 отсто, Јегуновце - 23,44 проценти, Желино - 11,60 отсто, Брвеница - 23,57 проценти и во Боговиње - 7,95 отсто.
8 мај, 2024 16:26
Во Гостивар излезеноста за претседателските под 20 проценти, за парламентарните 26,6 проценти
Според податоците на Државната изборна комисија, до 15 часот за парламентарните избори правото на глас го искористиле 21.851 граѓанин (26,81%), додека во вториот круг од претседателските избори, гласале 14.911 граѓани (18,31%).
8 мај, 2024 16:22
До 15 часот во Прилеп гласале над 42 проценти од избирачите
Конкретно, за Претседателските избори до 15 часот излезеноста е 42,43, а за Парламентарните 42,39 проценти. Во Прилеп се запишани, за Претседателските избори 62 169, а за Парламентарните 62.271 избирач.
8 мај, 2024 16:21
Дел од Албанците не гласаат за претседател
Во дел од општините со претежно албанско население, граѓаните не гласаат на вториот круг од претседателските избори. Одзивот во некои општини со претежно албанско население досега е трипати помал отколку одзивот за парламентарните избори.
8 мај, 2024 16:20
ДИК алармира: Три години затвор за попречување на изборите
Заменик претседателката на Државната изборна комисија (ДИК) Дитмире Шеху алармираше дека имаат информации за непочитување на насоките на Комисијата за спроведување на двојните избори.
8 мај, 2024 16:18
Во Демир Капија над 46 отсто излезност до 15 часот, во Неготино над 42 проценти
Во Демир Капија е регистрирана 46.15 проценти излезност на претседателските избори и 46.03 отсто излезност на парламентарните избори, до 15 часот. Во Неготино, до тој период, евидентирана е излезност од 42.04 отсто на претседателски и парламентарни избори. За ова информираа од општинските изборни комисии.
Во Неготино се гласа на 28 избирачки места, информираше замeник претседателката на Општинска изборна комисија, Елена Кузманова.
Во Демир Капија, како што информираше Благој Јовановски, претседател на ОИК, се гласа на 11 избирачки места.
8 мај, 2024 16:17
Излезноста до 15 часот во Дебар, за претседателските избори 15 отсто, за парламентарните 23 отсто
8 мај, 2024 16:15
Во Кавадарци до 15 часот на гласање излегле 39,22 отсто за претседателските и 38,40 отсто за парламентарните избори
Во Кавадарци до 15 часот е евидентирана 39,22 отсто излезност за претседателски и 38,40 проценти за парламентарни избори, а во Росоман 34.30 отсто е излезноста на парламентарните и 34,39 проценти на претседателските избори. За одѕивот на гласање информираа општинските изборни комисии.
8 мај, 2024 16:13
Во Куманово за претседателските избори излезноста до 15 часот e 30,89 за парламентарните е 36,39 отсто
Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) во Куманово за претседателските избори излезноста до 15 часот e 30,89 отсто, а за парламентарните е 36,39 проценти. Во Липково, според ДИК, излезноста за претседателските е 5,14, а за парламентарните 28,18 проценти. Во Старо Нагоричане пак за претседателските излезноста е 34,77, додека за парламентарни изнесува 35,15 отсто.
8 мај, 2024 16:11
Во Велес до 15 часот излезеноста за избор на пратеници е 39,80, а за претседател 39,22 проценти
Во Велес и велешко на сите 84 избирачки места до 15 часот на гласање во вториот круг за избор на претседател од запишани 44 858 на Единствениот избирачки список за претседател гласале 17 593 лица или 39,22 проценти.
На Единствениот избирачки список од запишани 44 954 за избор на пратеници во Парламентот до 15 часот гласале 17 888 лица или 39,80 проценти од гласачите.
8 мај, 2024 16:01
До 15 часот над 73 илјади гласачи ги бојкотирале претседателските избори
Во вториот круг претседателски избори, до 15 часот на пребројани 91,4% од избирачите, гласале 539.255 граѓани. На парламентарните, во истиот период и на пребројани 90,57% од избирачите, гласале 612.493 граѓани. Што значи дека над 73 илјади гласачи ги бојкотирале претседателските избори.
8 мај, 2024 15:59
ВИДЕОАНКЕТА | Дел од граѓаните од Чаир се надеваат на влез во ЕУ, дел немаат очекувања
Екипата на „Слободен печат“ денеска беше на терен во Општината Чаир. Заменик-претседателката на Избирачкиот одбор на гласачкото место бр. 2917, Сузана Костовска, изјави дека процесот на ова гласачко место се одвива во најдобар ред. Таа додаде дека бројот на гласачите е послаб од минатиот пат, но се надева дека гласачите ќе излезат да гласаат до 19 часот.
8 мај, 2024 15:57
До 15 часот излезноста на претседателските избори е 32,16 отсто, на парламентарните е 36,84 проценти
Според податоците од Државната изборна комисија, до 15 часот излезноста на претседателските избори е 32,16 отсто.
8 мај, 2024 15:42
Во Битола излезноста до 15 часот: 42,35 за Претседателските, 42,86 за Парламентарните избори
До 15 часот излезноста во Битола за претседателските избори е 42,35 отсто додека пак за парламентарните избори 42,86
8 мај, 2024 15:03
До 13 часот во Струга гласале 18 проценти за парламентраните и 12 за претседателските избори, во Вевчани 38 отсто
Излезноста за парламентарните избори во Струга и струшко до 13 часот е 18 проценти, а за претседателските 12 отсто.Во Вевчани, според претседателката на ОИК Менка Кукоска, за избор на претседател и за пратеници гласале скоро 38 отсто од вкупно регистрираните граѓани во единствениот избирачки список.
8 мај, 2024 14:49
Во Охрид до 13 часот на изборите излегле околу 27 проценти, во Дебрца 26 отсто од гласачите
Излезноста на Претседателските избори во Охрид до 13 часот е 27,75 проценти, додека на Парламентарните избори до 13 часот своето право на глас го оствариле 27,85 проценти од избирачите. На избирачките места на територијата на Општина Дебрца до 13 часот излегле 26 отсто од лицата со право на глас.
8 мај, 2024 14:47
Во Општина Тетово до 13 часот за пратеници гласале 24,61 отсто, за претседател 14,87 проценти
До 13 часот за парламентарните избори во Општина Тетово гласале 20.344 или 24,61 отсто од вкупниот број 86.550 граѓани со право на глас. Во останатите рурални општини до 13 часот за избор на пратеници излезноста изнесува – Боговиње 15,24%, Брвеница 19,16%, Желино 15,18%, Јегуновце 20, 43% и Теарце 19, 63%. Излезноста до 13 часот во рамки на вториот круг претседателски избори во Општина Тетово изнесува 14.87% односно гласале 12.406 од вкупно 86.405 гласачи. Во останатите рурални општини до 13 часот за претседател гласале Боговиње 5,17%, Брвеница 15,73% Желино 6,79%, Јегуновце 15.31% и Теарце 10, 51% од вкупниот број избирачи.
8 мај, 2024 14:42
Куманово Излезноста за претседателските избори 21,62 отсто, за парламентарни 24,82 отсто
Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) во Куманово за претседателските избори излезноста до 13 часот e 21,62 отсто, а за парламентарните е 24,82 отсто. Во Липково, според ДИК излезноста за претседателските е 3,28, а за парламентарните 17,07проценти. Во Старо Нагоричане пак за претседателските излезноста е 24,32, додека за парламентарни изнесува 24,68 отсто.
8 мај, 2024 14:24
Во Велес до 13 часот излезноста е 30,08 за претседателски и 30,57 за парламентарни
Во Велес и Велешко на сите 84 избирачки места до 13 часот на гласање во вториот круг за избор на претседател од запишани 44 858 на Единствениот избирачки список за претседател гласале 13 494 или 30,08 проценти од избирачите.
8 мај, 2024 14:21
Во Југоистокот најголем одзив на гласачите има во Гевгелија и Дојран, најмал во Босилово
Во десетте општини од Југоистокот до 13 часот на вториот круг на претседатеските и парламентарните избори најголема излезност е забележана во Гевгелија и Дојран-31 отсто, а најмала во Босилово 15 отсто.
Во другите општини излезноста во Василево е 18 отсто, Радовиш и Ново Село 20 отсто,Конче 23 отсто, Валандово 25, Богданци 28, Струмица 27 отсто од вкупно запишаните избирачи.
8 мај, 2024 14:16
Над 28 проценти го оствариле правото на глас во Делечво и М.Каменица до 13 часот
Во Делчево излезноста на регистрираните гласачи до 13:00 часот за парламентарните избори изнесува 28, 81 процент.
Сличен процент на излезност како што додадоа има и во вториот круг од Претседателските избори, на кои од 14.515 гласачи, своето право на глас до 13 часот, го оствариле 4175 лица или 28,74 проценти.
Во соседната општина Македонска Каменица излезноста на гласачите е над 28 проценти.
8 мај, 2024 14:13
Во Крушево излезноста до 13 часот над 34 проценти
Од трите општини во Прилепско – крушевскиот регион до 13 часот најголема излезност има во Крушево каде за претседателските избори гласале 34,78, а за парламентарните 35,69 проценти од запишаните избирачи.
Во општина Кривогаштани процентот на излезност до 13 часот е 25,24 и за претседателските и за парламентарните избори, а во Долнени до 13 часот за претседателските избори правото на глас го искористиле 12,57, а за парламентарните 17,24 проценти од жителите со право на глас.
8 мај, 2024 14:10
Прилеп: За претседателски гласале 31,41 од избирачите, за парламентарни 31,31 отсто
До 13 часот на гласање излегле 31,41 проценти од запишаните избирачи за претседателските, а 31,31 процент за парламентарните избори.
Процентот на излезност во 13 часот е речиси идентичен со одзивот во првиот круг на претседателските избори на 24 април.
8 мај, 2024 14:08
Кавадарци со близу 30 отсто излезност до 13 часот
Кавадарци има излезност од 28,51 отсто на претседателските и 28,53 проценти на парламентарните избори, до 13 часот. Во Росоман, 22.81 отсто е излезноста на парламентарните и 22.92 проценти на претседателските избори, за тој период. За ова информираа од општинските изборни комисии.
8 мај, 2024 14:06
До 13 часот излезноста за претседателски е 22,86 отсто, за парламентарни 25,77 проценти
Излезноста до 13 часот на територија на цела држава за претседателските избори е 22,86 отсто додека пак за парламентарни е 25,77 отсто.
8 мај, 2024 13:47
Во Битола излезноста до 13 часот е 31,65 за претседателски и 31,92 отсто за парламентарни избори
Во Битола излезноста до 13 часот е 31,65 за претседателски и 31,92 отсто за парламентарни избори.
8 мај, 2024 13:45
Демир Капија над 34 отсто излезност до 13 часот, во Неготино над 30 проценти за претседателските избори
Во Демир Капија до 13 часот 34.23 проценти е излезноста за претседателските избори и 34.14 отсто излезност на парламентарните избори.
Во Неготино е евидентирана излезност од 30.42 отсто на претседателски и 30.31 процент на парламентарни избори, информираа од општинските изборни комисии.
8 мај, 2024 13:44
Дебар: 9 отсто излезeност за претседателските, 15 отсто за парламентарните избори
Изборниот ден во општините Дебар и Центар Жупа минува тековно, со поголема излезeност од претпладневните часови.
-До 13 часот во општина Дебар правото на глас за претседателските избори го искористиле 1710 лице или 9 отсто од вкупно запишаните 19.269 лица во единствениот избирачки список. На парламентарните избори правото на глас го искористиле 2835 или 15 отсто од 19.311 лица. Денеска, како и минатиот изборен ден, во сите 27 гласачки места изборниот ден минува во најдобар ред, изјави Рилинд Хаса, претседател на ОИК-Дебар.
8 мај, 2024 13:32
Бајрами: Изборниот процес поминува без поголеми нарушувања, нема пријави со елемент на кривично дело
Од отворање на гласачките места, до овој момент до Основното јавно обвинителство нема пријавено инциденти или неправилности кои би имале елемент на кривично дело. Јавниот обвинител и претседател на привремената комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела против изборите и гласањето како и други изборни нерегуларности Џељаљ Бајрами на прес-конференција соопшти дека изборниот процес поминува мирно и без нарушувања.
8 мај, 2024 13:23
ОДИХР утре ќе ги соопшти заклучоците од набљудувачите на гласачките места низ земјава
Мисијата на ОДИХР за набљудување на изборите има повеќе од 300 набљудувачи на гласачки места низ државава за следење на процесот на вториот круг од Претседателските избори и на Парламентарните избори.
8 мај, 2024 13:12
Изјава на обвинителот Џеваљ Бајрами за текот на изборниот процес (во живо)
Изјава на јавниот обвинител и претседател на привремената комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела против изборите и гласањето како и други изборни нерегуларности Џељаљ Бајрами за досегашните информации сумирани од јавните обвинителства низ државата.
8 мај, 2024 13:09
Инцидент во Радуша, набљудувачи не биле пуштени во избирачките места
Рано утрово пријавен инцидент во скопското село Радуша. На овластени партиски набљудувачи не им било дозволено да влезат во избирачките места, објави Телма.
8 мај, 2024 13:02
Гласањето се одвива мирно и без проблеми, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир
Досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред во текот на гласањето, кое се одвива мирно и без проблеми, информира портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тони Ангеловски.
8 мај, 2024 12:52
Излезеноста во Струга до 11 часот за претседател 7, а за парламентарни 9 отсто, во Вевчани 21 процент
За парламентарните избори во Струга и струшко до 11 часот излезноста е девет отсто, додека за вториот круг од претседателските седум проценти, информира за МИА претседателот на Општинската изборна комисија Минир Жута.
Во Вевчани, според претсетдателката на ОИК Менче Кукоска, гласале 21,06 проценти од вкупно регистрираните граѓани во единствениот избирачки список.
- Во трите избирачки места во Вевчани сите граѓани што излегле гласале за и за двете листи, за претседател и за пратеници, изјави Кукоска.
Во двете општини, како што посочија претседателите на ОИК, гласањето се одвива тековно, без нарушувања.
8 мај, 2024 12:48
До 11 часот гласале 24,89 отсто од евидентираните гласачи во Општина Пробиштип
Со најголем процент на излезност на гласачките места е Општина Пробиштип, каде до 11 часот гласале 24,89 отсто од евидентираните гласачи. Претседателот на ОИК-Штип, Виктор Вацев истакна дека до нив нема пристигнато поплаки или приговори од страна на избирачите или членовите на 74 избирачки одбори.
Во Општина Карбинци се гласа мирно, а МИА беше во селото Радање, каде што право на глас имаат 386 гласачи. Во ова село со децении заеднички живеат Македонци и Турци. Осумдесет и осумгодишната Љуба Ангелова вели дека со своите соседи се почитуваат. За Велигден ја посетиле, а таа пак за Бајрам била на баклава.
-Ништо не ни фали, имаме, улици, водовод и канализација. Со ниту еден соседн се немаме скарано. Така и нека биде, вели Ангелова.
Во источниот регион процентот на излезност во 11 часот за претседателските е скоро идентичен со процентот на излезност за парламентарните избори.
8 мај, 2024 12:45
Инцидент во Радуша, набљудувачи не биле пуштени во избирачките места
Рано утрово пријавен инцидент во скопското село Радуша. На овластени партиски набљудувачи не им било дозволено да влезат во избирачките места, објави Телма.
8 мај, 2024 12:45
Во Велес до 11 часот гласале 17,52 отсто за претседател и 17,48 проценти за пратеници
Во Велес и велешко на сите 84 избирачки места до 11 часот на гласање во вториот круг за избор на претседател од запишани 44 858 на Единствениот избирачки список до ласале 7859 или 17,52 проценти од избирачите.
На Единствениот избирачки список од запишани 44 954 за избор на пратеници до 11 часот гласале 7855 или 17,48 проценти од избирачите, информираат за МИА, од ОИК Велес.
Во Општина Градско на 11 избирачки места од 3019 запишани граѓани на Единствениот избирачки список за избор на претседател до 11 часот гласале 576 или 19,08 проценти, а од 3024 на списокот за пратеници до 11 часот гласале исто така 576 или 19,05 проценти, изјваи за МИА Мери Седмакова Димовска претседател на ОИК Градско.
Појаснува дека сè се одвива во фер и демократска атмосфера и тие се во постојан контакт со избирачките одбори. Воедно се и на терен и ги посетуваат и ја следат нивната работа.
8 мај, 2024 12:27
ОДИХР со над 300 набљудувачи на гласачките места низ земјава, заклучоците ќе ги соопшти утре
Мисијата на ОДИХР за набљудување на изборите има повеќе од 300 набљудувачи на гласачки места низ државава за следење на процесот на вториот круг од Претседателските избори и на Парламентарните избори.
Џилијан Стирк, која ја предводи мисијата на ОДИХР, по посета на гласачко место во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Центар, изјави дека заклучоците ќе ги соопштат откако ќе ги добијат резултатите од нивните набљудувачи распоредени низ државава и дека мисијата ОДИХР ги оценува изборите во согласност со меѓународните обврски и домашното законодавство.
8 мај, 2024 12:27
Во Куманово за претседателските избори, излезеноста до 11 часот e 11,72 за парламентарните е 12,87 отсто
Според податоците на Држвната изборна комисија, во Куманово за претседателските избори, излезeноста до 11 часот e 11,72 за парламентарните е 12,87 отсто. Во Липково според ДИК излезеноста за претседателските е 1,76 за парламентарните, 7,33 отсто. Во Старо Нагоричане пак за претседателските е 11,76, додека за парламентарни изнесува 11,99 проценти.
Во Куманово според податоците на ОИК право на глас за претседателските избори имаат 93.508, додека за парламентарни 93.635 избирачи кои гласаат на 167 места.
Во Липково, за претседателските избори евидентирани се 26.030 гласачи, за парламентарните 26.024 гласачи кои гласаат на 36 избирачки места соопштија од ОИК Липково.
Во Старо Нагоричане има 3.043 гласачи за претседателски, а за парламентарни 3.046 кои гласаат на кои гласаат на 38 избирачки места од кои две се споени, односно ги опслужуваат 36 избирачки одбори.
8 мај, 2024 12:13
Во Пехчево 17,8 проценти од гласачите го оствариле своето право на глас до 11 часот
Во Општина Пехчево во вториот круг од претседателските избори до 11 часот своето право на глас го оствариле 17,8 проценти од евидентираните 3899 избирачи, информираа од Општинската изборна комисија. Во оваа општина бројката на гласачи за парламентарните избори е 3905 лица.
- Гласачките места беа отворени навреме, се тече во најдобар ред. Досега гласале 698 гласачи или 17,8 проценти, информираа од ОИК Пехчево.
Во Пехчево се гласа на 9 избирачки места.
8 мај, 2024 12:13
Излезност до 11 часот
8 мај, 2024 12:12
Во Дебар до 11 часот гласале 4 отсто за претседателските и 6 отсто за парламентарните избори, во Центар Жупа гласале 4,67 односно 4,73 отсто
Изборниот тек од вториот круг од претседателските избори, како и парламентарните избори во Дебар и Центар Жупа се одвива нормално, со зголемена излезност на граѓаните кои го остваруваат нивното граѓанско право, потврдуваат од општинските изборни комисии.
Во општина Дебар, до 11 часот гласале 802 лица или 4 отсто од вкупно запишаните 19.269 за претседателските избори, односно 1184 лица или 6 отсто од запишаните 19.334 за парламентарните избори. Во првиот круг од претседателските избори на 24 април излезноста беше 5 отсто.
Зголемена излезност е забележана и во општина Центар Жупа, каде до 11 часот на претседателските избори, од вкупно запишаните 7368 гласале 345 или 4,67 отсто. Во првиот круг, на 24 април, излезноста беше 4,47 отсто.
На парламентарните избори правото на глас во Центар Жупа го искористиле 349 или 4,73 отсто од 7383 лица, колку што се во избирачкиот список.
Во општина Дебар има 27 избирачки места и 16 во соседната општина Центар Жупа.
8 мај, 2024 12:12
Излезност до 11 часот
8 мај, 2024 12:12
До 11 часот во Прилеп гласале 18,09 за претседателските, 18,19 за парламентарни
Гласањето во Прилеп одминува без некои проблеми и непречено, информираат од општинската изборна комисија. До 11 часот правото на глас на претседателските избори го оствариле 18,09 проценти, а за парламентарните 18,19 проценти од запишаните избирачи. Се гласа на 142 избирачки места. За претседателските избори се запишани 62 169, а за парламентарните 62 271 граѓанин со право на глас.
Во споредба со гласањето од 24 април, процентот на излезност е сличен. Тогаш гласале 17,26 проценти од избирачите.
8 мај, 2024 12:11
Излесност до 11 часот
8 мај, 2024 12:10
Излезност до 11 часот во Тетово, 7,04 отсто за претседателски, за парламентарни 10,81
Во Општина Тетово од 86.405 граѓани со право на глас за претседателските избори, до 11 часот гласале 6.077 луѓе или 7,04 отсто. Во останатите рурални општини излезноста до 11 часот изнесува Боговиње 2,24%, Брвеница 8,15% Желино 3,07%, Јегуновце 7,79%, Теарце 5,20%.
За парламентарните избори излезноста до 11 часот во Општина Тетово е 10,81% односно од 86.550 граѓани, гласале 9.349 луѓе. Во руралните општини до 11 часот за парламентарните избори излезноста изнесува Боговиње 5,61%, Брвеница 9,77% Желино 7,24%, Јегуновце 9,69%, Теарце 9.28%.
8 мај, 2024 12:00
ДИК: Излезноста до 11 часот се зголемува, во источна и централна Македонија е поголема за претседателските избори
Излезноста до 11 часот на претседателските 2080 места од вкупниот број запишани гласачи – 1096219, гласале 141087 гласачи, односно 12,87%. Најголема излезност во моментов за претседателските избори има во Пробиштип 27,85%, а најмала Липково 1,76% и во други гласачки места.
8 мај, 2024 11:47
Кавадарци со 16,10 отсто излезност до 11 часот
Кавадарци има 16,10 отсто излезност до 11 часот. Во Росоман, 12,56 отсто е излезноста на парламентарните и 12,62 проценти на претседателските избори. За ова информираа од општинските изборни комисии.
Во Кавадарци се гласа на 60 гласачки места, се гласа за претседател на државата и пратенички мандати, информираше претседателката на Општинската изборна комисија, Емилија Петровска.
Запишани се вкупно 31.982 избирачи за парламентарните избори, 31.926 за претседателските, со право на глас во Кавадарци.
Во Росоман се гласа на десет избирачки места. Претседателот на општинската изборна комисија, Зоран Костов, соопшти дека вкупно 3.300 избирачи се евидентирани во списокот за гласање на денешните избори во општината Росоман.
8 мај, 2024 11:47
Од ОБСЕ велат дека ќе се потрудат гласањето да се одвива согласно нивните стандарди
Во текот на набљудувањето ќе се трудиме да забележиме дали гласањето се одвива согласно стандардите на ОБСЕ. Им посакуваме успех на гласачите во нивните следни постигнувања, изјави денеска специјалниот координатор на ОБСЕ, Николоз Самхарадзе откако со шефот на мисијата на ПС на ОБСЕ, Карина Одебрик посетија гласачки места во ОУ „Киро Глигоров“ во населбата Капиштец во Скопје.
8 мај, 2024 11:35
Во Демир Капија 23 отсто излезност до 11 часот
Во Демир Капија е регистрирана 23 проценти излезност на претседателските избори и 22.94 отсто излезност на парламентарните избори, до 11 часот. Во Неготино, до тој период, евидентирана е излезност од 18.19 отсто на претседателски и 18.12 проценти на парламентарни избори. За ова информираа од општинските изборни комисии.
Во Неготино се гласа на 28 избирачки места, информираше претседателката на Општинска изборна комисија, Елизабета Камчева.
Во Демир Капија, како што информираше Благој Јовановски, претседател на ОИК, се гласа на 11 избирачки места.
8 мај, 2024 11:33
ВИДЕО | Прес-конференција на ДИК
8 мај, 2024 11:26
Гласањето во Битола се одвива без проблеми, излезноста до 11 часот изнесува 17,40% за претседателските и 17,60 % за парламентарните избори
Точно во 7 часот беа отворени сите избирачки места во Општина Битола. Гласањето се одвива беа проблеми на 170 избирачки места. Излезноста на гласачите во Битола до 11 часот е 17,40 проценти за претседателските избори и 17,60 % за парламентарните избори, информираше Игор Талевски, претседател на Општинската изборна комисија.
8 мај, 2024 11:07
ВИДЕО | Изјава на шефицата на набљудувачката мисија на ОБСЕ Џилијан Стирк
8 мај, 2024 11:00
Во Тетово излезноста до 9 часот за парламентарни е 3,23 отсто, за претседателски 2,22
Од 86.550 граѓани до 9 часот во Општина Тетово гласале 2.761 гласач или 3,23 отсто од граѓаните за изборот на пратеници. Излезноста до 9 часот во руралните тетовски општини за парламентарни избори изнесува Боговиње 1,43%, Брвеница3,07%, Желино 2,11% Јегуновце 3,47%, Теарце 2,75%, Тетово 3,23%
За избор на претседател во рамки на Општина Тетово од 86.405 граѓани гласале 1.898 или 2, 22 проценти. За претседателските избори излезноста до 9 часот во руралните тетовски општини изнесува Теарце 1, 72% Брвеница 2,77%, Боговиње 0.57%, Желино 1,10%, Јегуновце 3, 11%.
8 мај, 2024 10:57
Излезност за двојните избори
8 мај, 2024 10:47
Во Делчево 850 избирачи гласале до 09:00 часот
Во Делчево до 09:00 часот од вкупно 14.515 евидентирани избирачи за вториот круг од претседателските избори гласале 850 избирачи. Како што информираа од ОИК Делчево бројката е слична и за парламентарните избори на кои своето право на глас, од 14.569 граѓани до 09:00 часот го оствариле 852 избирачи.
- Се наоѓаме на избирачко место 573 каде имаме вкупно 652 гласачи за претседателски избори и 655 за парламентарни избори. На ова избирачко место до 09:00 часот излегле 42 гласачи, истакна Звонко Атанасовски, претставник на избирачкото место 573.
Слична е излезноста и на останатите избирачки места.
- Ова е избирачко место 576. Од вкупно 539 гласачи до 9 часот излезноста на ова избирачко место е 5,5 проценти, истакна Билјана Петровска, член на избирачки одбор.
Во Делчево гласањето на 36 избирачки места до 9 часот се одвива без никакви проблеми.
8 мај, 2024 10:43
Под 5 проценти е излезноста до 09:00 часот во Македонска Каменица
Во Општина Градско на 11 избирачки места од 3019 запишани граѓани на Единствениот избирачки список за избор на претседател до 9 часот гласале 243 или 8,05 проценти, а од 3024 на списокот за пратеници до 9 часот гласале 8,03 проценти, информира за МИА Мери Седмакова Димовска, претседател на ОИК Градско. Појаснува дека сè се одвива во фер и демократска атмосфера и тие се во постојан контакт со избирачките одбори.
Во Општина Чашка до 9 часот на 31 избирачко место од 6 076 на списокот за избор на претседател гласале 5,50 проценти, а од 6083 на списокот за избор на пратеници до 9 часот гласале 6,58 проценти, информира за МИА, Марјан Јовановски секретар на ОИК Чашка.
Тој известува дека сè се одвива според правилата за избор и во фер и демократска атмосфера, а тие се во постојан контакт со избирачките одбори.
8 мај, 2024 10:42
Во Берово до 9 часот гласале 895 гласачи од вкупно 10.421 лице
Во Берово денеска гласаат 10.421 избирачи со право на глас. Како што информираа од Општинската изборна комисија, во Берово своето право го до 09:00 часот го оствариле 895 гласачи.
Во оваа општина вчера своето право на глас од 258 болни и изнемоштени лица во домашни услови гласале 249 лица.
- Во рамки на гласањето се гласаше и во Домот за стари лица каде од 28 лица кои престојуваат во установата, а се од повеќе градови, гласале вкупно 24 лица, а 4 ливчиња биле неупотребени, информираа од ОИК Берово.
Во Берово се гласа на вкупно 16 избирачки места, а избирачките места биле отворени навреме. Гласањето како што додадоа од ОИК се одвива без проблеми
8 мај, 2024 10:42
Во Куманово за претседателски излезност до 9 часот е 3,91, за парламентарни 4,25
Според податоците на ДИК, во Куманово за претседателските избори, излезноста до 9 часот е 3,91 за парламентарните е 4,25 отсто. Во Липково според ДИК излезноста за претседателските е 0, 53, за парламентарни 2,05. Во Старо Нагоричане пак е 3, 81 за претседателски, за парламентарни и 4, 70.
Во Куманово според податоците на ОИК право на глас за претседателските избори имаат 93.508, додека за парламентарни 93.635 избирачи кои гласаат на 167 места. Во Липково, за претседателските избори евидентирани се 26.030 гласачи, за парламентарните 26.024 гласачи кои гласаат на 36 избирачки места соопштија од ОИК Липково. Во Старо Нагоричане има 3.043 гласачи за претседателски, а за парламентарни 3.046 кои гласаат на кои гласаат на 38 избирачки места од кои две се споени, односно ги опслужуваат 36 избирачки одбори.
8 мај, 2024 10:41
Тошковски објави неколку нерегуларности поврзани со предизборниот молк
Нерегуларности поврзани со предизборниот молк во тек на вчерашниот ден регистрира Министерството за внатрешни работи, а дел од нив сподели и техничкиот министер Панче Тошковски.
8 мај, 2024 10:27
Каква е излезноста до 9 часот?
8 мај, 2024 10:26
Даштевски: Нема бојкот на претседателските избори, излезноста според процентите е иста
На првата прес конференција на Државната изборна комисија откако ги соопшти процентите и бројките за излезноста до 9 часот за претседателските и за парламентарните избори, претседателот Александар Даштевски констатираше дека нема бојкот на изборите за претседател, туку излезноста процентуално е иста со парламентарните избори.
-Од тоа што го гледам, најверодостојно е, и апсолутно нема. Иста е излезноста и на едните и на другите, според процентот. Не знам како гласале, дали се поништени, меѓутоа процентот е тој. Значи сите што гласале за едните гласале и за другите избори според процентот. Тој е процентот, рече Даштевски.
8 мај, 2024 10:25
Во Берово до 9 часот гласале 895 гласачи од вкупно 10.421 лице
Во Берово денеска гласаат 10.421 избирачи со право на глас. Како што информираа од Општинската изборна комисија, во Берово своето право го до 09:00 часот го оствариле 895 гласачи.
Во оваа општина вчера своето право на глас од 258 болни и изнемоштени лица во домашни услови гласале 249 лица.
- Во рамки на гласањето се гласаше и во Домот за стари лица каде од 28 лица кои престојуваат во установата, а се од повеќе градови, гласале вкупно 24 лица, а 4 ливчиња биле неупотребени, информираа од ОИК Берово.
Во Берово се гласа на вкупно 16 избирачки места, а избирачките места биле отворени навреме. Гласањето како што додадоа од ОИК се одвива без проблеми.
8 мај, 2024 10:25
Во Долнени до 9 часот гласале 1,73 отсто за претседателските и 2,34 отсто за парламентарните избори
Во мултиетничката општина Долнени гласањето се одвива без проблеми, информираат од општинската изборна комисија.
До 9 часот на гласање за претседателските избори излегле 1,73 проценти од запишаните 11 730 избирачи, а за парламентарните избори правото на глас до 9 часот го искористиле 2,34 проценти од 11 748 гласачи.
8 мај, 2024 10:09
Во Куманово навреме отворени сите гласачки места
Во Куманово навреме се отворени сите гласачки места освен гласачко место 1100 во село Умин Дол, каде што поради технички проблеми со апаратот за биометриска идентификација гласањето почнало во 8.45 часот.
Како што соопшти претседателката на Општинската изборна комисија Куманово, Елизабета Стојковска, за проблемот била известена Државната изборна комисија и по официјално барање на ОИК добиена е дозвола од ДИК гласањето да продолжи со УВ-ламба и УВ-спреј.
Според податоците на ОИК, во Куманово право на глас за Претседателските избори имаат 93.508 избирачи, а за Парламентарни избори 93.635 избирачи кои гласаат на 167 места.
8 мај, 2024 10:08
ДИК: Излезноста до 9 часот намалена во однос на претходните избори за претседател и пратеници
До 9 часот од пристигнатите податоци за излезност на гласачите за претседателските избори од 1009 ИМ од вкупно запишани 547041 гласачи на овие избирачки места гласале 22797 лица, односно 4,17%. Најголема излезност за претседателските избори има во Пробиштип – 8, 85%, а најмала излезност е во Боговиње 0,57%. Споредбено со вториот круг од претседателските избори од 2019 година имаме намалување на излезноста од 1,99 на овие избори, соопшти претседателот на ДИК Александар Даштевски.
8 мај, 2024 10:07
На две избирачки места во Тетово се гласа со стариот метод
Нефункционалноста на апаратот за идентификација е причина гласањето на две избирачки места во Општина Тетово да почне со стариот метод со кој се зема отпечаток од прст на графитно перниче, па се остава отпечаток во избирачки список, а се користат спреј и УВ-ламба за проверка.
- Во едно избирачко место во ОУ „Лирија“ во Тетово гласањето почна во 8.40 часот откако беше утврдено дека не функционира апаратот за идентификација. Со одлука на Државната изборна комисија (ДИК) се користи стариот метод со отпечаток од прст и УВ ламба. Истото е направено во едно избирачко место во село Бозовце каде гласањето почна во 9.22 часот, информираше Зулќуфли Реџепи, претседател на ОИК Тетово
Во Општина Тетово за парламентарните избори право на глас имаат 86.550 граѓани, додека за вториот круг за избор на претседател на државата може да гласаат вкупно 86.405 луѓе.
Од вкупнте бројки, вчера имаа можност да гласаат 54 затвореници, како и 181 лице пријавени за болни и немоќни со право на глас.
8 мај, 2024 10:00
Кавадарци со 6.22 отсто излезност до девет часот, Росоман со 5.4 проценти
Кавадарци има 6.22 отсто излезност до девет часот, во Росоман 5.4 проценти, информираа од општинските изборни комисии.
Во Кавадарци се гласа на 60 гласачки места, се гласа за претседател на државата и пратенички мандати, информираше претседателката на Општинската изборна комисија, Емилија Петровска.
Запишани се вкупно 31.982 избирачи за парламентарните избори, 31.926 за претседателските, со право на глас во Кавадарци.
8 мај, 2024 09:59
Тошковски за стартот на изборниот ден: Безбедносната состојба стабилна, МВР постапува согласно надлежностите
Денешниот ден, од аспект на безбедносната состојба е стабилен. Министерството за внатрешни работи постапува согласно надлежностите што ги има, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски по гласањето за изборите во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во општина Центар.
- Согласно информациите што ги имам од утринава, сите избирачки места се стабилни, отворени. Граѓаните можат да си го остварат своето право на глас во една мирна, фер и демократска атмосфера, рече Тошковски.
Тој упати порака до граѓаните во текот на денешниот ден масовно да си го остварат своето право на глас и да не дозволат, како што рече, нивната волја да биде киднапирана од страна на било кој субјект и на било каков начин.
8 мај, 2024 09:58
Во Велес до 9 часот гласале 6,36 проценти за претседател и 6,29 проценти за пратеници
Во Велес и Велешко на сите 84 избирачки места до 9 часот на гласање во вториот круг за избор на претседател од запишани 44 858 на Единствениот избирачки список до 9 часот гласале 2 794 граѓани, односно 6,36 проценти.
На Единствениот избирачки список од запишани 44 954 за избор на пратеници во Парламентот до 9 часот гласале нешто помалку односно 2763 или 6,29 проценти, информира за МИА Ребека Бајдевска Ѓошева член на ОИК Велес.
На сите избирачки места гласањето се одвива според сите избирачки правила и во најдобар ред и од ОИК Велес информираат дека се во постојан контакт со избирачките одбори и ја следат нивната работа околу регуларноста и текот на изборите.
8 мај, 2024 09:48
ВИДЕО | Прва прес-конференција на ДИК
8 мај, 2024 09:46
Граѓаните можат да пријават повреда на избирачкото право на бесплатна телефонска линија
Во канцеларијата на Народниот правобранител, од 7 до 19 часот граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.
Како што информираат денеска од канцеларијата на Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линијата, граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).
8 мај, 2024 09:40
Во Демир Капија 10,42 отсто излезност до девет часот
Во Демир Капија 10.42 отсто е излезноста до девет часот, за двата вида избори, во Неготино за претседателски 6,77, за парламентарни 6,73 проценти. За ова информираа од општинските изборни комисии.
Во Неготино се гласа на 28 избирачки места, информираше претседателката на Општинска изборна комисија, Елизабета Камчева.
Таа потсети дека вкупно 165 болни и немоќни лица гласаа вчера во Неготино, од вкупно 175 пријавени за втор круг претседателски и парламентарните избори.
- Гласаа 71 маж и 94 жени, 11 лица не гласале. Имаше пријавено едно лице кое гласаше во куќен притвор за втор круг претседателски и парламентарните избори, појасни Камчева.
Согласно на законот, овие лица гласаа вчера, ден пред изборите што се одржуваат во текот на денешниот ден.
Во Демир Капија, 66 лица беа пријавени за гласање во текот на вчерашниот ден, информираше Благој Јовановски, претседател на ОИК.
Денеска, се гласа на 11 избирачки места.
8 мај, 2024 09:31
Во Велес и велешко утрово отворени сите 84 избирачки места
Во Велес и Велешко утрово во 7 часот се отворени сите 84 избирачки места каде се гласа за претседател на државата и за пратеници во идниот состав на Собранието.
Правото на глас денеска ќе го остварат 44 858 граѓани запишани на Единствениот избирачки список за избор на претседател и нешто повеќе односно 44 954 граѓани кои ќе гласаат меѓу кандидатите за идни пратеници, инфпрмира за МИА Андреј Ќамилов, претседател на ОИК Велес.
Тој појаснува дека граѓаните мирно и достоинствено го остваруваат своето право на глас, а нивните членови на ОИК Велес се во постојан контакт со избирачките одбори.
Воедно тој ги повикува сите граѓани денеска да излезат на избирачките места и да го остварат своето уставно право на глас до 19 часот.
Инаку вчера во Велес и велешко од 234 пријавени болни и изнемоштени во нивните домови гласале 221 граѓанин, а од 33 затвореници во велешкиот затвор гласале 27.
8 мај, 2024 09:26
Навремено и без проблеми почна изборниот процес во Прилеп
Гласањето во Прилеп почна навреме и тече непречено и без проблеми, потврдуваат од општинската изборна комисија. Своето право на глас денеска може да го остварат 62 169 избирачи за претседателските избори и 62 271 гласач на парламентарните избори.
-Точно во 7 часот се отворени 142-те избирачки места во Прилеп. Изборниот процес почна без проблеми. Гласачкиот материјал изборачките одбори навреме го подигнаа, изјави Валентин Божиноски, претседател на ОИК Прилеп.
Според првичните информации од комисиите, гласањето почна навремено и во Кривогаштани, Долнении во Крушево.
Во Крушево денеска може да гласаат 7 775 граѓани со прави на глас на претседателските или 7 795 избирачи на парламентарните избори кои гласачкото право може да го остварат на 22 гласачки места.
Во Кривогаштани на 13 избирачки места своето право на глас го остваруваат 4 428 гласачи за претседателските, а 4 434 избирачи се запишани во единствениот избирачки список за парламентарните избори.
Во Долнени денеска може да гласаат 11 730 жители со право на глас за претседателските, а 11 748 избирачи за парламентарните избори. Се гласа на 40 избирачки места.
8 мај, 2024 09:25
Отворени избирачките места во Охрид и Дебрца, гласањето се одвива непречено
Во општините Охрид и Дебрца сите избирачки места се отворени, а гласањето и изборниот процес се одвива непречено и без какви било нерегуларности.
Според информациите од ОИК во Охрид, отворени се сите 87 избирачки места, така што граѓаните можат непречено да го дадат својот глас за еден од двајцата кандидати за претседател на државата, како и за некоја од листите за пратеници во Парламентот. Според ОИК, задоцнување во отворањето на гласањето имало само на едно избирачко место и тоа поради технички причини. Откако биле отстранети причините изборниот процес се одвива непречено.
Како што информираат од ОИК Дебрца, отворени се и сите 23 гласачки места во атарот на Општината, а гласањето се одвива непречено.
Во главниот избирачки список за денешните Парламентарни избори во Охрид се запишани 51.865 избирачи додека за вториот круг од Претседателските 51.717 избирачи, информираат од ОИК. Разликата во бројката на запишани избирачи е поради тоа што 148 од првиот круг од Претседателските избори стекнaлe полнолетство и тие имаат право да гласаат само на Парламентарните избори. Што се однесува на гласањето вчера, правото не го искористиле едеинаесет од вкупно пријавените 239 избирачи.
Според главниот избирачки список, за Парламентарните избори во Дебрца е запишани 4.001 избирач, додека за вториот круг од Претседателските избори 4.009. Во текот на вчерашниот ден своето право на глас го искористиле 33 од 34-те пријавени изнемоштени и лица со посебни потреби од Дебрца.
8 мај, 2024 09:24
Во Гостивар сите избирачки места отворени навреме
Во општина Гостивар изборниот процес за редовните парламентарни избори и втор круг од претседателските избори започна навреме и првиот час од отворањето на избирачките места се одвива без проблеми, информираат од ОИК Гостивар.
Правото на глас денеска ќе го искористат 81 517 запишани избирачи за претседателските избори и за претставници во Собранието, 81 612 граѓани.
Околу 9:30 часот се очекува и првиот пресек за излезноста на гласачките места.
8 мај, 2024 09:23
Во Струга и Вевчани навреме отворени сите избирачки места, гласањето тече непречено
Во општините Струга и Вевчани сите избирачки места се отворени навреме, точно во 7 часот и гласањето за парламентарните и вториот круг од претседателските избори тече нормално, информираат за МИА претседателите на општинските изборни комисии Минир Жута и Менка Кукоска.
- На територија на општина Струга сите 101 избирачко место се отворени на време и процесот на гласање тече нормално, изјави Жута.
Гласањето почнало на време и се било во најдобар ред и на трите избирачки места во Вевчани, каде право на глас во единствениот избирачки список имаат 2.072 лица.
Во Струга и струшко вчера во домашни услови гласале 267 болни и изнемоштени лица за вториот круг од претседателските избори и 281 за парламентарните, додека во Вевчани деветмина го оствариле гласачкото право за избор на претседател на државата и за пратеници.
8 мај, 2024 09:05
Навреме отворени избирачките места во Делчево, гласањето тече во најдобар ред
о Делчево навреме отворени 36 избирачки места на кои денес можност имаат да гласаат 14.515 евидентирани избирачи за вториот круг од претседателските избори и 14.569 граѓани кои своето право на глас можат да го остварат на парламентарните избори 2024.
- Се наоѓаме на избирачко место 583/1 започнавме точно во 7 часот, имаме вкупно 682 гласачи на ова избирачко место, а во 8:30 часот излегле 39 гласачи, истакнаа претставници на избирачкото место 583/1.
8 мај, 2024 09:04
Навреме отворени гласачките места во Липково и Старо Нагоричане
Навреме се отворени гласачките места во Липково и во Старо Нагоричане. Во Липково, за претседателските избори евидентирани се 26.030 гласачи, за парламентарните 26.024 гласачи кои гласаат на 36 избирачки места соопштија од ОИК Липково.
- Навреме отворени се сите места, изјави претседателката на ОИК, Ајше Демири.
Во Старо Нагоричане има 3.043 гласачи за претседателски, а за парламентарни 3.046 кои гласаат на кои гласаат на 38 избирачки места од кои две се споени, односно ги опслужуваат 36 избирачки одбори.
- Навреме се отворени сите места, имаше незначителни технички проблеми кои веднаш се надминаа, изјави претседателот на ОИК Старо Нагоричане, Марјан Даиловски.
8 мај, 2024 09:03
Во Тетово на едно место не е почнато навреме гласањето поради апаратот за идентификација
Општинската изборна комисија Тетово информира дека во едно избирачко место од вкупно 117 не е почнато навремено гласањето во 7 часот поради нефункционалност на апаратот за идентификација.
Според информациите на Зулќуфли Реџепи, претседател на ОИК Тетово, до 8 часот и 15 минути со гласањето не било почнало, а за тоа како ќе се продолжи, рече дека е пријавено и чека решение од Државната изборна комисија.
Во Општина Тетово за парламентарните избори право на глас имаат 86.550 граѓани, додека за вториот круг за избор на претседател ќе може да изберат вкупно 86.405 луѓе. Од тие бројки вчера имаа прилика да гласаат имаат 54 затвореници, како и 181 лице, како болни и немоќни лица со право на глас.
8 мај, 2024 08:55
Граѓаните избираат шеф на државата
Кандидати за нов претседател на државата во вториот круг од претседателските избори се Гордана Сиљановска Давкова, поддржана од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ.
За претседател е избран кандидатот кој ќе добие мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од 40 проценти од избирачите. Доколку и во вториот круг на гласање ниту еден од кандидатите не го добие потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка.
Доколку биде исполнет цензусот и биде избран претседател на државата, неговата инаугурација треба да биде на 12 мај.
8 мај, 2024 08:32
Во Штип двојните избори почнаа на 74 избирачки места
Вториот круг од претседателските и парламентарните избори утрово во 7 часот почнаа на територијата на Општина Штип. Претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК), Виктор Вацев изјави дека на двата избирачки списоци има по 41 379 избирачи, кои своето демократско право ќе можат да го искористат на 74 избирачки места.
Посочува дека сите избирачки места се отворени точно навреме и засега се се одвива во најдобар ред, но се уште е рано да се зборува за некоја процентуално излезност, зашто првите податоци до комисијата ќе пристигнат после 9 часот.
МИА утринава беше на гласачкото место лоцирано во Центарот за култура „Ацо Шопов“. Претседателот на Избирачкиот одбор 22 99, Столе Хаџи-Николов вели дека гласачкото место навреме е отворено. Своето право на глас на оваа избирачко место можат да го остварат 655 избирачи за претседателските избори, а за парламентарни еден гласач повеќе, 656.
Вчера гласаа болните и изнемоштени лица во домашни услови. Од пријавените и одобрени 208 барања, гласале 187 за парламентарни и 186 за втор круг претседателски избори. Според податоците на ОИК, ваква разлика меѓу пријавени и оние кои го исполниле правото на глас во текот на вчерашниот ден е што 21 лице од пријавените починале помеѓу двата изборни круга. Вчера се гласаше и во КПУ- Затвор- Штип, каде од 203 регистрирани избирачи од 40 македонски општини, правото на глас го искористиле 146 осудени лица или 72 проценти, што е скоро идентично со првиот круг за избор на претседател.
8 мај, 2024 08:30
Двојните избори ги следат околу 2.000 домашни и странски набљудувачи и новинари
За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори акредитирани се вкупно 1.999 набљудувачи, преведувачи и странски новинари. Најмногу акредитирани се домашни набљудувачи – 1.078. Изборите ќе ги следат и 770 странски набљудувачи за чии потреби се ангажирани и 85 преведувачи. За известување од изборите, според податоците на Државната изборна комисија, акредитирани се 66 странски новинари.
8 мај, 2024 08:29
Може да гласаат и граѓаните кои имаат истечени лични документи
На денешните претседателски и парламентарни избори можат да гласаат и граѓаните на кои по кој било основ, по сила на закон или по рок на важност им истекле личните документи на 24 јули 2023 година до 24 април. Согласно преодната одредба од измените на Изборниот законик која ќе се применува само за изборите оваа година, избирачите ќе може да гласаат со лична карта или со патна исправа чија што важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите.
8 мај, 2024 08:18
Започна гласањето во општина Маврово и Ростуше
Во општина Маврово и Ростуше утрово започнаа редовните парламентарни избори и втор круг од претседателските избори.
Според претседателот на ОИК, Абдулреџеп Агаи сите 39 избирачки места се отворени на време и гласањето е во тек.
На избирачкиот список за претседател запишани се 10.343, а избор на пратеници 10.353 граѓани.
Вчера, од пријавени 68, правото на глас го искористиле 67 граѓани кои претходно доставија барања до ОИК.
8 мај, 2024 08:10
Во Неготино и Демир Капија стартуваше гласањето за претседател на државата и пратеници
Во Неготино и Демир Капија изутринава стартуваше гласањето на претседателските избори. Од општинските изборни комисии информираа дека навреме се отворени сите избирачки места.
-Сите 28 избирачки места навреме се отворени, успешно стартуваше изборниот процес за претседателските избори и изборот за пратеници во Парламентот, информираше утринава, претседателката на Општинска изборна комисија (ОИК) Неготино, Елизабета Камчева.
Таа потсети дека вкупно 165 болни и немоќни лица гласаа вчера во Неготино, од вкупно 175 пријавени за втор круг претседателски и парламентарните избори.
- Гласаа 71 маж и 94 жени, 1 лица не гласале. Имаше пријавено едно лице кое гласаше во куќен притвор за втор круг претседателски и парламентарните избори, појасни Камчева.
Во Демир Капија, 66 лица беа пријавени за гласање во текот на вчерашниот ден, информираше Благој Јовановски, претседател на ОИК. Денеска, се гласа на 11 избирачки места.
8 мај, 2024 08:08
Во општините Дебар и Центар Жупа избирачките места отворени навреме
Во општините Дебар и Центар Жупа, сите 43 избрачки места се отворени навреме, во 7 часот и гласањето се одвива тековно.
- Гласањето во општина Дебар се спроведува во 27 избирачки места од кои 22 се во градот, две во село Могорче и по едно во селата Џепиште, Горно и Долно Косоврасти. Право на глас имаат 19.269 за претседателските и 19.311 гласачи за парламентарните избори. Вчера своето граѓанско право го остварија 68 болни и изнемоштени лица, од кои 46 гласаа и за претседателските и за парламентарни избори, додека 22 само за парламентарни избори, изјави за МИА, Рилинд Хаса, претседател на Општинската изборна комисија (ОИК) во Дебар.
Според Неџип Илјаз, претседател на ОИК-Центар Жупа и во оваа општина избрачките места се отворени точно навреме.
-Се гласа на 16 избрачки места, 9 се во Центар Жупа, по едно во населените места Броштица, Новак, Еленци, Брештани, Праленик, Коџаџик, Долгаш. Право на глас имаат 7.368 за претседателските и 7.383 гласачи за парламентарните избори. Вчера правото на глас го искористија 10 болни и изнемоштени лице, сите гласаа и за претседателските и за парламентарните изори, рече Илјаз за МИА.
На 24 април, во првиот круг од претседателските избори во општина Дебар правото на глас го остварија 6379 или околу 35 отсто од вкупно запишаните 19.334 лица, додека во општина Центар Жупа 1279 или 17,36 отсто од 7.383 колку што беа запишани во единствениот избрачки список.
8 мај, 2024 07:58
Во Кавадарци и Росоман навреме отворени гласачките места
Во Кавадарци утринава навреме беа отворени 60 гласачки места, на кои се гласа за претседател на државата и пратенички мандати, информираше претседателката на Општинската изборна комисија (ОИК), Емилија Петровска.
Запишани се вкупно 31.982 избирачи за парламентарните избори, 31.926 за претседателските, со право на глас во Кавадарци.
Ден пред претседателските и парламентарните избори вчера за гласање беа пријавени вкупно 155 лица во домашни услови, болни и немоќни, како и дванаесетина од дом за стари лица, појасни Петровска.
И во Росоман стартуваше гласањето на претседателските и парламентарните избори, а од општинската изборна комисија информираа дека навреме се отворени сите избирачки места.
- Се гласа на десет избирачки места. За потсетување, вчера, ден пред изборите, согласно на законот, гласаа 69 немоќни лица, соопшти претседателот на општинската изборна комисија, Зоран Костов.
Вкупно 3.300 избирачи се евидентирани во списокот за гласање на денешните избори во општината Росоман.
8 мај, 2024 07:57
ЈСП вози по неделен возен ред
Јавниот превоз во Скопје денеска ќе вози по неделен возен ред, а жичницата нема да работи, соопштија денеска од Одделението за односи со јавност во ЈСП Скопје.
8 мај, 2024 07:49
Гласањето започна
Во 7 часот почна гласањето на вториот круг од претседателските избори и на парламентарните избори.
Од ДИК за МИА информираат дека досега нема пријавено никакви проблеми со отворањето на избирачките места.
8 мај, 2024 07:31
Кои се сите досегашни претседатели на Македонија?
Во Република Северна Македонија денеска се одржува вториот круг од седмите претседателски избори. На претседателската фотелја досега седнаа петмина претседатели. Првиот претседател Киро Глигоров и Ѓорге Иванов претседателската функција ја вршеа во два мандата, а по еден мандат имаа Борис Трајковски и Бранко Црвенковски, како и Стево Пендаровски, кој повторно се кандидира за шеф на државата.
8 мај, 2024 07:28
Кои луѓе гласаа вчера?
Во посебните изводи од Избирачкиот список за лица кои поднеле пријава за гласање во дипломатско конзуларните претставништва или конзуларни канцеларии се запишани 2.569 избирачи, а во затворите или во притвор 2.147 избирачи. Запишани се и 534 избирачи згрижени во установите за вон семејно згрижување, а во Избирачкиот список запишани се и две внатрешно раселени лица.
На еден ден пред изборите, вчера гласаа болните и изнемоштените чии пријави беа прифатени од општинските изборни комисии, како и затворениците и лицата во притвор чиј што број според посебниот извод во Избирачкиот список изнесува 2140, како и лицата во установи за вон семејна грижа – 534 избирачи и две внатрешно раселени лица.
8 мај, 2024 07:13
Парламентарни избори, што знаеме досега?
Во Македонија денеска се одржуваат вториот круг од седмите претседателски избори и единаесеттите парламентарни избори.
На парламентарните избори гласачите ќе можат да се определат за една од 17 листи на кандидати. Листи за кандидати за пратеници имаат Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ, Коалиција Храбро за Македонија предводена од ГРОМ, Коалиција Европски фронт на ДУИ, политичката партија Левица, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“, политичката партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Единствена Македонија, Нова алтернатива Скопје, АВАЈА, Европско граѓанско движење, Македонска ера трета/Македонски независни листи – Суверенисти, Твоја партија, Родина Македонија, Десна, Демократи Скопје и Работничка партија. Земјата е поделена во шест изборни единици, а дел од коалициите и партиите имаат листи само за некои од изборните единици.
8 мај, 2024 07:11
Втор круг претседателски избори, што знаеме досега?
Во Македонија денеска се одржуваат вториот круг од седмите претседателски избори и единаесеттите парламентарни избори.
На вториот круг од претседателските избори гласачите ќе можат да се определат за Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ која во првиот круг од изборите на 24 април освои 363. 085 гласови, и Стево Пендаровски, кој доби 180.499 гласа.
8 мај, 2024 07:07
ДИК со упатство за гласање на двојните избори
Гласањето на претседателските и парламентарните избори кои се одржуваат денеска се врши лично на гласачките места во државава.
Во однос на процесот на гласање, од Државната изборна комисија потсетуваат дека избирачкиот одбор задолжително го прашува гласачот дали сака да гласа за двата вида на избори или сака да гласа само за еден вид на избори, односно дали сака да гласа дали за претседателски или за парламентарни и за двата избори одеднаш. Притоа, им го објаснува начинот на гласање и им овозможува на гласачите да гласаат.
Гласачот може само еднаш да се појави на гласачкото место за остварување на своето избирачко право. Притоа, гласачот го приложува документот за лична идентификација, важечка лична карта или патна исправа, односно за претседателски избори 2024 година лична карта или патна исправа чија важност истекла од 24 јули 2023 година до 24 април 2024 година, а за парламентарните избори гласачот ќе може да гласа со лична карта или со патна исправа чија важност истекла во периодот од 8 август 2023 година до 8 мај 2024 година.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Видео на денот
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
14мин
-
31мин
-
37мин
-
46мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5