Путин: Приватните компании кои ја „загрозуваат“ безбедноста на Русија ќе бидат национализирани

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека приватните компании кои предизвикуваат штета на националната безбедност може да бидат национализирани.

Говорејќи на состанокот со претприемачите, Путин рече дека неодамнешните случаи на национализација на приватни компании не значат „ревидирање на приватизацијата“ по распадот на Советскиот Сојуз.

Неодамна, органите на прогонот отворија неколку случаи за враќање на одредени средства во државна сопственост. Би сакал да нагласам дека не се работи за ревидирање на приватизацијата, за ова разговаравме на претходен состанок, туку за случаи кога дејствувањето или непостапувањето на сопствениците на претпријатија и имот предизвикуваат директна штета на безбедноста на државата и на националните интереси, порача Путин.

Тој уште еднаш предупреди доколку бидат востановени вакви практики државата ќе има целосно право да го стори тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот