Членови на германската десничарска група „Граѓаните на Рајхот“ обвинети за тероризам

Протест на крајната десница во Германија/Фото: EPA-EFE/OMER MESSINGER

Денес во Штутгарт започнува судењето на деветмина осомничени членови на екстремно десничарската група, предводена од германскиот аристократ Хајнрих XIII Принц Ројс, под обвинение за тероризам и велепредавство.

Девет осомничени членови на движењето Граѓаните на Рајхот, група која го отфрла легитимитетот на современата германска држава, се обвинети за членство во терористичка организација и „подготовка на предавнички потфат“.

Еден од нив се соочува со дополнително обвинение за обид за убиство во врска со истрели испукани врз полицајците додека го претресувале неговиот дом во Ројтлинген, јужно од Штутгарт, во март минатата година. Притоа се повредени полицајци.

Судењето во Вишиот регионален суд во Штутгарт е прво од трите за групата предводена од Ројс, монархистички бизнисмен кој се најде во центарот на вниманието по рациите низ Германија и во странство во декември 2022 година.

Вкупно 27 обвинети се обвинети за планирање на насилното соборување на германската влада. Планот беше да се стави Ројс на чело на новиот поредок. Меѓу обвинетите се поранешни војници и поранешен берлински судија и пратеник на екстремно десничарската Алтернатива за Германија.

Судењето во Штутгарт ќе се фокусира на военото крило на групата, која е обвинета за обид за соборување на државата со сила на оружје. Според обвинувањата почнале да формираат 280 вооружени единици.

Обвинетите се на возраст од 42 до 60 години. Се тврди дека тие се приклучиле на групата во текот на 2022 година и биле активни во различни улоги во военото крило. Моментално се во притвор.

Т.н. Граѓани на Рајхот не ја признаваат СР Германија во нејзината сегашна форма и социјална структура и се однесуваат на Германија со нејзините граници пред Втората светска војна. Досега главно доаѓаа во конфликт со властите поради непризнавањето на документот на Сојузна Република Германија како и негирањето на институциите како даночната управа.

Повеќето од членовите на Граѓаните на Рајхот се убедени во различни теории на заговор и се на мислење дека СР Германија не е држава, туку всушност концерн во сопственост на САД. Идниот лидер, Принц Ројс, требаше да преговара за нов поредок во Германија со сојузничките сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот