Македонија

dm дрогерие маркт отвори новa дрогерија во „Ритејл парк Годи“

11 мар 2024

Најголемиот дрогериски ланец во Европа - dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија на домашниот пазар и на 7 март 2024 година,   ги отвори вратите на својата 24-та дрогерија во „Ритејл  парк  Годи“ во Скопје.

Новиот продажен објект на dm ќе биде со вкупна површина од 386 m2, од кои 332 m2 продажен простор, а  магацински простор и помошен простор 54 m2.

Во новата дрогерија, покрај секогаш поволните цени, купувачите можеа да уживаат и во попустот од -15% на се, кој траеше до 10 март. Покрај тоа за купувачите имало и дополнителни изнеднадувања: подарок dm торба за пазарување со секоја сметка,  подарок Denkmit универзални влажни марамици за чистење, со секоја сметка над 500 денари, подарок dm пешкир за плажа, со секоја сметка над 1.999 денари.

                                                            

Општествената одговорност на dm како компанија ни овој не билa зоставена. Дел од остварениот промет на денот на отворањето бил дониран во хуманитарни цели на ЈОУ Детска градинка „Фидани“ – Скопје, општина Чаир.

Новата дрогерија во „Ритејл парк Годи“ е нашата 24-та дрогерија на македонскиот пазар. Со отворањето на оваа дрогерија се придвижуваме чекор поблиску до нашата компаниска цел – преку отворање на дрогерии низ целата земја, да бидеме уште поблиску до нашите купувачи, а нашите производи и услуги да ги направиме што подостапни на нашите граѓани, изјави Наташа Усовиќ Монева – регионален менаџер за продажба во dm дрогерие маркт.

Со отворање на овој објект, dm во Македонија е присутен со 24 продажни објекти, од кои 14 во Скопје, по еден продажен објект во Тетово, Велес, Куманово, Битола, Струмица, Гостивар, Струга и Охрид и 2 продажни објекта во Штип!

Извор/Фото: dm дрогерие маркт



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...