Колку руската инвазија врз Украина ќе биде тригер за брза интеграција на Западен Балкан во ЕУ?

Очите на светот за џабе свртени кон Анталија, средбата меѓу Русија и Украина очи в очи не донесе никакво поместување. Дополнително преговорите во Турција не ја сопреа руската агресија - цивили, меѓу кои и деца, и натаму гинат. Зошто Западот го остави Зеленски сам, како што и тој обвинува? Какви последици може да очекува земјава од што се разбуди на црната листа на Путин? Колку руската инвазија врз Украина ќе биде тригер за брза интеграција на Западен Балкан во ЕУ? Преговорите со Софија веќе не ги споменува никој, дали Македонија ќе го пропушти и францускиот воз на чело на Унијата?

Во 24 Анализа анализираат Гордан Георгиев - поранешен пратеник и поранешен потпретседател на СДСМ и Никола Попоски - поранешен министер за надворешни работи и поранешен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.