Забава под маски во понеделник и во Бутел

И општина Бутел за во понеделник најави голема забава за најмалите житело по повод Денот на шегата. 

- Почитувани родители, драги баби и дедовци, мили другарчиња. Ве поканувам на најголемата забава под маски која некогаш била организирана во општина Бутел, која ќе се одржи на 1. април, на светскиот ден на шегата. Започнуваме во 10:30 часот со многу музика, забава, детски претстави и најубавите детски маски, соопшти градоначалникот Дарко Костовски на својот фејсбук профил. 

Први април ќе биде денот кога ќе се забавуваме и заедно ќе се дружиме, вели Костовски во својата покана.