Со последната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,44% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 12.12.2022 година

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 80,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 78,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95, изнесува 76,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98, изнесува 78,50 ден/лит и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 39,370 ден/кг

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,078% или за 0,550 $/тон, кај дизелот зголемувањето е во просек за 4,832% или за 39,700 $/тон, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 6,090% или за 47,300 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 0,313% или за 1,350 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 58,3629 ден/$ и е за околу 0,282% понизок од курсот на доларот (58,5278 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.