[ФОТО] Фустан којшто тоне: Култната филмска креација која стана симбол на величественост и која вреди богатство

Точка

12/04/2024

09:30

6.352

Големина на фонт

а а а

Кејт Винслет во филмот „Титаник“ го носела популарниот фустан којшто „тоне“, прекрасна креација која на аукција била продадена за 119 илјади долари.

Филмот „Титаник“ и денес важи за чудо во светот на кинематографијата, а освоил дури 11 оскари, а меѓу нив и оној за костимографија.

Дизајнерката Дебора Лин Скот била задолжена за прекрасниот фустан којшто го носела Роуз чиј лик го толкуваше Кејт Винслет, а далеку од тоа дека „Титаник“ е единствениот филм во којшто Дебора заблескала.


Напротив, таа ги дизајнирала и костимите за „Аватар“ како и многу други популарни филмови. Сепак, фустанот од „Титаник“ ја одбележал нејзината кариера.

Таа морала добро да се подготви пред креирање на костимот за да го претстави врвот на тогашната мода и гламур.

Роуз во филмот носела величествени креации, а една од нив била посебна. Станува збор за фустан којшто го нарекле „floating“ или „sinking dress“, односно „фустан којшто тоне“ којшто се носи токму во моментот кога бродот Титаник тоне.


Кејт под фустанот не носела корсет со што симболично Роуз била ослободена од стегите на традиционалното општество и норми, а тоа се покажало и со љубовта со Џек и развојот којшто го поминала во текот на престојувањето на бродот.

Овој фустан бил направен од лесен материјал, бил нежен и со кратки ракави, а на одредени делови имал и чипка. Фустанот бил предизвик за дизајнерката зошто тој требало да изгледа добро и кога е мокар затоа што Кејт навистина била во вода со него.


Кејт над него носела и два капути, како и појас за спасување, но тоа било доволно да остави моќен впечаток и да се најде на листата култни костими.

Фустанот бил продаден на аукцијата „Heritage Auctions“ во Далас за речиси 119 илјади долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг