Продолжува генералниот штрајк на специјализантите

Продолжува генералниот штрајк на приватните специјализанти. Во понеделник под мотото „Пет до дванаесет за македонското здравство“ револтот ќе го изразат и пред ресорното министерство.

Денеска од кругот на клиничкиот центар порачаа дека не остапуваат од своите барања, повисоки плати и регулирање на здравственото осигурување.

Владата и министерството за здравство одлучија дека стаусот на специјализантите ќе се решава по изборите, преку законски решенија.

Над 400 приватни специјализанти работат за потпросечна плата, без здравствено и пензиско осигурување.