Samsung продолжува да изненадува со новите телефони од серијата Galaxy A

Точка

08/04/2024

13:35

9.119

Големина на фонт

а а а

Телефоните Galaxy A55 5G и Galaxy A35 5G се најновите уреди кои ги лансираше Samsung изминатиот месец наменети за поширок опсег на корисници да можат да ги доживеат врвните технолошки достигувања од најнапредни безбедносни карактеристки до исклучителни можности за фотографирање.

Безбедност на податоци како на телефоните од високата класа

Иако серијата Galaxy A припаѓа на средната класа телефони, сепак кај Galaxy A55 5G и Galaxy A35 5G за прв пат е вклучено безбедносното решение Samsung Knox Vault (Knox Trezor) кое досега го гледавме само кај телефоните од премиум класата. Ова е можеби најистакнатата карактеристика кај овие два уреди овозможена од безбедносна платформа базирана на хардвер која штити од неовластен пристап, нуди сеопфатна заштита што им овозможува на корисниците на серијата Galaxy A да уживаат во исклучително мобилно искуство без да с грижат за своите чувствителни податоци кои ги внесуваат во уредот.


Незаменливи перформанси на камерите за единствено искуство сликање, снимање и гледање

Galaxy A55 5G го добиваме со подобрена динамична функција Nightography, со која ноќните фотографии достигнуваат нови димензии кога станува збор за нивниот квалитет, без оглед во какви услови на осветлување сликаме или снимаме. Напредната обработка на сигналот на сликата со вештачка интелигенција дава неверојатни резултати дури и во најтемно опкружување. И обата уреда – Galaxy A55 5G и Galaxy A35 5G – имаат оптичка стабилизација на слика (OIS) и видео дигитална стабилизација на слика (VDIS), кои обезбедуваат остри и стабилни снимки во секое време. Екраните Super AMOLED ја прикажуваат сликата во Full HD со неверојатна јасност и живописни бои, додека пак технологијата Vision Booster дополнително гарантира дека екранот е јасен и осветлен при секакви надворешни услови, што дополнително го подобрува искуството на гледање кај Galaxy A55 5G и Galaxy A35 5G.


Телефон за „долга врска“!

Galaxy A55 5G и Galaxy A35 5G ќе можете да ги користите долго време благодарение на посветеноста на Samsung да овозможи долготрајност на своите уреди. Па така, овие два нови телефони поддржуваат до 4 генерации на надградба на Android и One UI, како и пет години безбедносни ажурирања. Ова значи дека уредите ќе останат безбедни, надградени и ажурирани со најновите карактеристики на Galaxy и Android, оптимизирајќи го нивниот животен циклус и придонесувајќи за долготрајноста.

Беспрекорна поврзаност во Galaxy екосистемот

Како дел од поширокиот екосистем на Samsung Galaxy, двата нови паметни телефони Galaxy A55 5G и Galaxy A35 5G овозможуваат беспрекорно и интегрирано искуство помеѓу различни Galaxy уреди. Покрај можноста за поврзување со вашите Galaxy слушалки или паметен часовник, тука е фантастичната можност да го поврзете вашиот Galaxy A55 5G или Galaxy A35 5G со новата фитнес нараквица Galaxy Fit3 која е многу актуелна во моментов, не само како нов уред за вашиот зглоб од Samsung, туку и како фантастичен асистент за вашето здравје кој ќе ве поттикнува да останете активни и да се гружите за вашето здравје.


Бонус придобивка за секој нов купен Galaxy A55 5G и Galaxy A35 5G

Искористете ја промотивната понуда која е во тек и добијте бесплатна услуга Microsoft 365 Basic во времетраење од 6 месеци, како 100 GB простор за складирање на облак. Со секој нов купен уред ќе добиете и безбедна е-пошта без реклами и пристап до поддршка од Microsoft. Повеќе за оваа промоција прочитајте тука.

Повеќе информации за производите прочитајте на следниве линкови:

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-a/galaxy-a55-5g-awesome-lilac-256gb-sm-a556blvceuc/

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-a/galaxy-a35-5g-awesome-navy-128gb-sm-a356bzkbeuc/

https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-fit/galaxy-fit3-silver-bt-sm-r390nzsaeuc/




Спонзорирани линкови

Маркетинг