Првите очила за сонце биле дизајнирани пред 2000 години

08.01.2024 14:01
Првите очила за сонце биле дизајнирани пред 2000 години

Очилата за снег биле дизајнирани да ја намалат количината на сончева светлина која се рефлектира од снегот, помагајќи им на луѓето да ја спречат појавата на слепило предизвикано од снег кога се на отворено. Снежното слепило е изгореница на очите, а видот може да биде оштетен после неколку дена, доколку не се преземат мерки на претпазливост. Снежното слепило научно е познато како фотокератитис.

Првите очила за сонце биле користени пред 2000 години од страна на Инуитите, источни племиња на ескимскиот народ кои живеат во сурови климатски услови и ги населуваат арктичките и субарктичките региони на Гренланд, Лабрадор, Квебек, Нунавут и северозападните територии. Инуитите се населиле пред околу 4000 години, ширејќи се кон исток од Алјаска од каде што потекнуваат, населувајќи голем дел од Арктикот.

Многу инуитски групи правеле очила за снег кои им помагале во решавањето на со проблемот со снежното слепило. Очилата најчесто се изработувале од коска, слонова коска, карибу рог или од дрво, a понекогаш се користела и трева од брегот на морето. Малите процепи го намалуваат видното поле и количината на ултравиолетово зрачење што допира до очите.

Артефакт од Музеј на уметноста, „Метрополитен”, подарок на Џејмс А. Хјустон, 1969 година

Очилата најчесто и традиционално се правеле од голите дрвја кои можат да се најдат на бреговите на плажите или реките, измиени од водата и прочистени од ветрот. Секој пар очила бил изработен на тој начин да одговара на лицето на носителот, со еден или повеќе издлабени тесни хоризонтални процепи на предната страна.

Инуит носи наочари за снег

Очилата солидно се вклопуваат на лицето, така што единствената светлина што влегува е преку процепите, а понекогаш во внатрешноста се нанесувале и саѓи за да допринесат во намалувањето на отсјајот. Процепите се направени тесни не само за да се намали количината на светлина што влегува, туку и да се подобри визуелната острина. Пошироките процепи резултираат со поголемо видно поле.

Артефакт од Музеј на уметноста, „Метрополитен”, подарок на Џејмс А. Хјустон, 1969 година

Само за момент замислете како се движите низ тундра покриена со снег на светол ден, без очила за сонце, и ќе сфатите зошто се измислени заштитните очила за снег.

Артефакт од Музеј на уметноста, „Метрополитен”, подарок на Џејмс А. Хјустон, 1969 година

Инуитски очила за сонце кои датираат помеѓу 1200 и 1600 година

Во 2006 година, аукциската куќа „Кристи” го продаде на аукција овој пар древни наочари за снег од слонова коска на Пунук Инуитите од островот Сент Лоренс, Алјаска

 

Артефакт од музејот Манитоба (1349). Фотографија на Ендрју Воркман

 

Инуитски очила за снег со дрвена футрола

Извор: https://themindcircle.com/

ОкоБоли главаВицФото