Хезболах: Нападнавме израелска воена база како одговор за смртта на неколку нејзини борци

Хезболах
Знаме на Хезболах/ Фото Архива на Слободен печат

Либанската група Хезболах соопшти дека извршила напад со балистички ракети и беспилотни летала врз израелска воена база во Арапскиот Ал Арамше.

Според групата, нападот бил одговор на вчерашното убиство на најмалку тројца членови и команданти на Хезболах во јужен Либан од страна на Израел.

Израел објави дека има неколку ранети во нападите што ги изврши Хезболах трет ден по ред.

За време на денешниот напад кај селото Араб Ал Арамше во северниот дел на Израел, повредени се 14 лица, од кои двајца потешко, соопшти болницата Нахарија.

Израелската војска истакна дека е регистриран „отстрел што доаѓа од Либан во арапската област Ал Арамше“, додавајќи дека е бомбардирано местото од каде доаѓа огнот, како и воен комплекс на Хезболах во Аита ал Шааб во јужен Либан.

Од почетокот на војната во Газа меѓу Израел и Хамас на 7 октомври, Хезболах извршува секојдневни напади против Израел како поддршка на своите сојузници од палестинското исламистичко движење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот