Славчо Попоски, метеоролог: „Од утре до петок се очекува невреме на повеќе места низ Македонија“

„Во Скопје и околината од утре попладне до петок ќе има појава на повремен пороен дожд и грмежи“, вели метеорологот Славчо Попоски.

slavcho-poposki-meteorolog-od-utre-do-petok-se-ochekuva-nevreme-na-povekje-mesta-niz-makedonija-01.jpg

Првомајските и велигденските празници ги поминавме со променливо, но генерално сончево време.

Но, по денешниот сончев ден, веќе од утре можеме да очекуваме невреме на некои места низ Македонија.

Во продолжение, прогнозата на метеорологот Славчо Попоски:

„Од утре попладне до петок, нашата територија ќе биде под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот.

Токму ова ќе услови поголемо дестабилизирање на атмосферата, па така на повеќе места низ Македонија во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

slavcho-poposki-meteorolog-od-utre-do-petok-se-ochekuva-nevreme-na-povekje-mesta-niz-makedonija-03.jpg

Оваа циклонска активност ќе предизвика локално процесите да бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град.

Токму поради очекуваната појава на електрични празнења, препорачуваме крајна внимателност, односно граѓаните да не престојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.

За време на оваа циклонска активност локално се очекува да наврне позначително количество на воден талог (над 25l/m2).

slavcho-poposki-meteorolog-od-utre-do-petok-se-ochekuva-nevreme-na-povekje-mesta-niz-makedonija-02.jpg

И во Скопје и околината од утре попладне, до петок ќе има појава на повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме, проследено со силен ветер и со појава на град.

Температурите во четврток и во петок значително ќе опаднат и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.

Пониски температури ќе имаме и за време на викендот, но нестабилноста ќе се намали, а утрата ќе бидат значително посвежи“.

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук, freepik.com

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Славчо Попоски, метеоролог: „Можни се обилни врнежи од дожд, грмотевици, но и појава на град“ „Очекуваме повремен пороен дожд и услови за појава на грмежи, како и засилен вет...
Славчо Попоски, метеоролог: „Ќе има обилни врнежи од дожд, но и снег на повисоките места“ „Голем влажен бран ќе ја зафати територијата на Македонија денес попладне и наве...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg