Гроси предупредува на потенцијална нуклеарна несреќа во Украина

Шефот на агенцијата за атомско набљудување на ОН вели дека потенцијалот за голема нуклеарна несреќа во украинската нуклеарна централа Запорожје „останува многу реален“.

Неговите коментари доаѓаат една недела по нападот со дрон врз еден од шесте нуклеарни реактори на централата.

Русија ја обвини Украина за нападот, но Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН не ја препиша вината. И властите во Киев не дадоа коментар по однос на ваквите обвинувања.

Официјални лица во централата рекоа дека локацијата била нападната од украински воени беспилотни летала, вклучително и напад врз куполата на шестата енергетска единица на централата.

„Не сум загрижен само за самите напади, туку и за контекстот во кој тие се случија. Неколку месеци пред овие директни напади, веќе имаше зголемување на изолираните упади на беспилотни летала во близина на објектот и во блискиот град Енерходар“, рече Гроси за време на состанокот на Советот за безбедност на ОН во Њујорк.

Тиј вели дека светот опасно се приближува до нуклеарна катастрофа која не смееме да си ја дозволиме. Порача дека мора да се направи се што е во наша моќ денес за да се минимизира ризикот од ваква несреќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот