ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
29.12.2022
Според истражувањето на BBC Sport: Светското првенство во Катар е најдоброто во 21 век
Автор: Goce Author

Светското првенство во Катар 2022 година, во кое Аргентина ја освои титулата триумфирајќи над Франција во финалето, беше прогласено за „најдоброто Светско првенство на овој век“ од анкетата на Би-Би-Си Спорт со неверојатни 78 отсто од гласовите.

Според истражувањето на BBC Sport, Јапонија и Јужна Кореја, кои го организираа Светското првенство во 2002 година, се на второто место со шест отсто.

Третото место му припадна на Бразил (2014) со пет отсто од гласовите, додека Германија (2006) и Русија (2018) го поделија четвртото место со по четири отсто.

BBC Sport во воведот на истражувањето наведува дека Светското првенство кое започна со многу скептицизам, завршило со „можеби најголемото финале досега“.

Тоа беше, додаваат, Светско првенство полно со шокови. Со пласманот на Мароко во полуфиналето, Јапонија ги победи Шпанија и Германија, како и Саудиска Арабија победувајќи го евентуалниот шампион Аргентина.

Овој исход од истражувањето на Би-Би-Си е особено интересен затоа што британскиот јавен сервис ја бојкотираше церемонијата на отворањето на мундијалот, со што започна серија напади врз државата Катар поради наводно кршење на човековите права, пишува Катарскиот „Голф тајмс“.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино и неколку други истакнати спортски функционери го прогласија турнирот за најдобар досега, токму поради неговата различност.

„Многу луѓе од целиот свет дојдоа во Катар и го открија арапскиот свет што не го познаваа или го знаеја само од она што им беше прикажано“, изјави првиот човек на ФИФА на новинарите.

Освен многубројните изненадувања и пресврти во текот на групната фаза, преку возбудувањата од нокаут делот на Светското првенство до веројатно најдоброто финале досега – Светското првенство во Катар 2022 година го допре светот на многу начини.

Меѓу другото, и поради фактот што еден од најдобрите играчи на сите времиња, Лионел Меси, конечно го освои единствениот трофеј што го немаше освоено во својата долга кариера. Историското Светско првенство на ФИФА – првото што се одржа на Блискиот Исток – исто така беше одбележано со изобилство на голови.

Дали теретаните се добри за младите?
Драган Дончески од случаен пикник до Извидник на годината за 2024