Ден на изобилство, исполнување желби и посебни моќи: На 5.5. запишете го ова на хартија и привлечете нешто позитивно

Фото: Pexels/ Emre Uğurlu

На овој ден, важно е да си поставите цел, односно да замислите конкретна и прецизна желба. За да се оствари оваа желба, мора да бидете подготвени за тоа, односно да направите простор за неа во вашиот живот. Ова е ден да се усогласите со вашата цел, животна мисија, намери што сте ги поставиле. Време е да станете поактивни и да ја креирате сопствената судбина.

Симболично, ова е најдoбрo да се направи во 05 часот и 05 минути (17:05). Оставете сè што е негативно, простете им на луѓето, ослободете се од непотребните работи. Можете да ги исчистите вашите плакари и да ги донирате вашите работи за некој друг да го добие она што му треба. Кога ќе се ослободите од она што го натрупува вашиот простор, срце, ум и живот ќе дозволите да дојде нешто многу подобро.

Благодарноста е исто неопходна за исполнување на желбите, активно практикувајте благодарност за она што веќе го имате и што ве прави среќни. Кога го правите ова, поголема е веројатноста да привлечете просперитет. Секој човек има за што да биде благодарен, а пред сè треба да бидеме благодарни за новиот ден во кој сме се разбудиле.

На овој ден одвојте малку време и запишете како точно изгледа вашиот живот кога имате сè што сакате, напишете во сегашно време. Водете дневник за благодарност. Ова е повик за вас да се усогласите со вашата цел, животна мисија, намери што сте ги поставиле. Работете на остварување на вашите желби денеска, сите шанси зависат од вас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот