Насловна / Вести / Современ дуплекс стан недалеку од Милано

Современ дуплекс стан недалеку од Милано

На северот на Италија, недалеку од Милано, се наоѓа овој дуплекс стан со оригинален, модерен дизајн. Проектот на ентериерот е дело на младиот полски архитект Јан Секула, основач на бирото Zarysy, кој е повеќепати наградуван за неговата работа.

8

Неговиот препознатлив стил се опишува како комбинација на модерен пристап и почитување на архитектонското наследство, а десетици изведени ентериери ја покажуваат неговата посветеност на свеж, релаксиран и персонализиран пристап кон дизајнот и ставот дека ентериер на стан не е само прашање на стил, туку и создавање дом.

1

Пространиот стан на две нивоа проектиран е за живот на семејство со две деца. Организиран за максимална функционалност, дизајнот носи современ сјај на традиционалниот италијански амбиент.

2

Веднаш по влегувањето во станот вниманието го привлекуваат монументалните дрвени скали кои ги поврзуваат двете нивоа, но и сами по себе се и уметничко дело во просторот. Тие се централниот елемент на ходникот во приземјето и главната декорација на кујната на катот. Витрината во темни тонови во кујната дополнително ги акцентира, поставувајќи ја нивната дрвена геометрија во стаклен излог.

3

Скандинавскиот карактер на ентериерот е видлив во чисти, едноставни бои, деликатни заоблени форми и минималистички елементи како мебел и осветлување. Според метафората на авторот, северниот студ овде добро се балансира со неговата спротивност, италијанската топлина.

4

Посебно внимание е посветено на изборот на мебел, кој освен што ја следи естетиката на просторот, пружа и оптимална функционалност. Од едноставни, елегантни столчиња до софистицирани парчиња мебел како што се пространите софи, секој елемент придонесува на целината создавајќи амбиент на удобен дом.

5

Бројни парчиња мебел се изработени по нарачка, изработени по мерка за овој проект и совршено се вклопуваат во просторот, следејќи ја уникатноста и оригиналноста на дизајнерскиот израз.

6

Архитектурата на станот се потпира на деликатна хармонија на бои и форми, кои заедно создаваат кохерентна композиција. Внимателно избраните материјали како терацо плочките, даб во две бои или површини кои потсетуваат на јапонско палено дрво се ефектен контраст на елементите со мазна завршна обработка. Целокупниот монохроматски изглед е диверзифициран со деликатни точки на бои, давајќи и на секоја соба индивидуален карактер и поврзувајќи го ентериерот во еден интерактивен простор за удобен семеен живот.

7

Дуплексот е просторно организиран така што спалните соби се на пониското ниво, а на горното ниво заедничките станбени простори конципирани како отворен план и ориентирани кон терасата која се протега по целата должина на станот.

9

Спалните соби се интимни простори, уредени според личните потреби, со големо внимание на деталите, дизајнерски доследни и иновативни.

Бескомпромисната удобност и функционалност, споени се во естетски единствени единици на хармонични бои и форми.

10

Модерниот дизајн на бањите го следи стилот на целиот ентериер. Геометриските шари, комбинираните материјали и боите се испреплетуваат со оригинални, неочекувани детали и решенија.

11

Сè на сè, ентериерот на овој семеен дуплекс во Италија е освежувачки пример за дизајн со младешка енергија и големо внимание на деталите.

13 14

Испрати коментар

Scroll To Top