Три лица се повредени денеска во напад со нож во средното училиште Исгол Дифрин Аман во велшкиот град Аманфорд, соопшти полицијата. Потврдено е и дека едно лице е приведено, јавува порталот Велс онлајн

Неименуван извор запознаен со инцидентот изјави за „Велс онлајн“ дека во инцидентот учествувале две девојчиња, а потоа се вклучиле двајца мажи вработени во училиштете.

„Службата веднаш излезе на местото на несреќата, а училиштето е затворено додека се врши увид. Ги повикуваме луѓето да останат смирени додека е во тек полициската истрага“, соопштија од полицијата.

Претходно кај училиштето биле забележани хеликоптери на Брза помош, а учениците од училиштето биле затворени во училниците и со полициска придружба оделе во тоалет.


Администратор
24/04/2024 18:00