Регион

Хрватска: Остварен е пораст на извозот

02 мај 2024

Во јануари во Хрватска е забележан пад на вредноста на увозот веќе десетти месец по ред, но растот се забележува на извозот за прв пат од април 2023 година.

 Вредноста на извозoт во јануари 2024 година во однос на истиот месец една година претходно, пораснала за 1,8%, односно на 1,7 милијарди евра, соопшти Државниот завод за статистика.

 Падот на вредноста на увзот во овој период изнесувала 3,1%, достигнувајќи 2,9 милијарди евра.

 На месечно ниво, вредноста на извозот имала пад за 3,5%, додека вредноста на увозт пораснала за 1,6%.

 Дефицитот од 1,2 милијарди евра на годишно ниво бил намален за 9,2%, а на месечно ниво бил зголемен за 9,8%.

 Покриеноста на увозот со извозот во јануари, во однос на еден месец претходно, имала пад од 61,6% на 58,5%.

Хрватска на пазарот во ЕУ ( во кој се извезува 68% од вкупниот извоз) во јануари извезла стоки во вредност од 1,2 милијарди евра, што е пораст за 0,7% на годишно ниво. Увозот од овие држави изнесува 2,4 милијарди евра, а најважни деловни партнери биле Италија, Германија и Словенија.

 Во овој период, државите од ЦЕФТА со суфицид од 182 милиони евра сочинуваат 20% од извозот и 5,4% од увозот во Хрватска.

 Извор: Seebiz

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...