Верувате ли дека ова е Скопје? Уникатна туристичка атракција на 20-тина километри од градот

На 20-тина километри од Скопје, на планинскиот масив Јасен од неодамна се наоѓа уникатна еколошка и туристичка атракција која го носи името „Гризли Иглос“. Единствен од ваков тип на Балканот, проектот нуди неверојатни можности за авантури, но во исто време ја чува и штити природата и претставува вистински рај за сите љубители на природата и еколошката одговорност.

Посетителите можат да уживаат во пешачење по еко-патеки, јавање, или планинарење, додека се восхитуваат на убавината на околината, главниот фокус е зачувување на природата и одржување на еколошкиот баланс, а сите активности се спроведуваат со почитување на природните ресурси и животната средина.

Сместувачките капацитети се комплетно македонско производство, монтажни, еколошки и одржливи, користејќи обновливи извори на енергија и рециклирани материјали. Тие се изградени во хармонија со природата, обезбедувајќи комфорен престој за гостите, без да го нарушуваат еколошкиот баланс.

Сите заинтересирани ќе можат да се приклучат на организирани тури водени од искусни водичи кои ве учат за локалната флора и фауна, историјата и културата на областа. Оваа туристичка атракција има за цел да ја поттикне свеста за зачувување и грижа за националниот парк и природата, додека нуди единствено искуство на своите посетители.