ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Хаџи Јанев: Путин ги засилува сите опции за да заземе поголем дел од Украина

Методи Хаџи Јанев / Фото Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

По инаугурација на Владимир Путин, воинствената реторика на Москва дефакто се засилува. Што тоа значи да терен во Украина, во пракса тоа ќе значи дека во неможност засега да се засили ударното руско воено крило околу Одеса, Русите ќе прават притисок на другите делови на военото поле особено во Краматорск. Тоа е така бидејќи околу Одеса и во неа, веќе има навлезено западни воени структури кои се стационираат во одбраната на регионот околу градот. Евидентно е зголемување на опасноста од судир на Западот со Русија во овој регион, па затоа Путин во периодот што следи ги засилува опциите за да се приграби поголем дел од Украина по секоја цена, вели професорот Методи Хаџи Јанев во утринската емисија на „Слободен печат“.

-Русија во моментов работи на план за да земе дури 40 проценти повеќе од територијата на Украина од она што сега таа го окупираше. И сега тоа сака тоа да го оствари. Зошто? Затоа што знаат сите дека денот на преговорите ќе дојде. Факт е дека оваа помош, ќе се одложи за 5 до 6 месеци. Но факт е и дека во Украина постои сериозен проблем околу доцната помош на Западот – вели Хаџи Јанев.

Повеќе од разговорот и анализата на професорот Хаџи Јанев можете да ја погледнете во видеото во продолжение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот