Има ли услови за пад на каматите со растот на платите: НБРМ носи одлука

Последниот податок за инфлацијата, кој е објавен минатата недела, е дека таа изнесувала три отсто во февруари споредено со ланскиот февруари, што значи дека стапката забавува или можеби поточно стагнира со оглед на тоа што јануарската беше 3,2 проценти.Сепак, ризици по инфлацијата има.

Од почетокот на месецов мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи престана да важи. Податоците што ќе бидат објавени во април ќе дадат почиста слика во однос на влијанието на оваа мерка врз инфлацијата. Оттука, очекувањата се дека НБРМ денеска најверојатно нема да брза со одлуката за намалување на каматата.

Трендот на раст на референтната камата почна во април 2022 година. Каматата тогаш изнесуваше 1,25 отсто, последната корекција беше во септември лани, кога каматата беше зголемена на 6,30 отсто. Оттогаш референтната камата и во земјава е на пауза.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното