„Кроација ерлајнс“ ги изврши првите летови со одржливо воздухопловно гориво

„Кроација ерлајнс“ во петокот првпат реализираше летови со користење на одржливо воздухопловно гориво (САФ), со што се подготви за спроведување на законската регулатива што ќе важи од 2025 година, објави домашната авиокомпанија.

За прв пат, „Кроација Ерлајнс“ користеше одржливо воздухопловно гориво со содржина на САФ компоненти од 30 до 40 проценти на избраните летови. Горивото се произведува од суровини кои ги исполнуваат критериумите за одржливост и се меша со фосилно ЏЕТ гориво. Горивото се користи на авионите Ербас 319 и Даш 8-Кју400, кои се планирани за летовите од Загреб до Амстердам, Брисел, Копенхаген, Лондон Хитроу и Цирих и домашните летови Загреб – Сплит, Загреб – Дубровник – Загреб и Загреб – Пула – Задар.

Одржливо воздухопловно гориво за тие летови обезбеди Ина преку нејзиниот добавувач, пишува Пословни дневник. Со ова, како што е наведено, ја потврдила подготвеноста за законската обврска според која од почетокот на 2025 година добавувачите во Европската унија мора да трошат два отсто гориво од обновливи извори, заради декагрбонизација на воздушниот сообраќај. Според регулативата на ЕУ, сите добавувачи на воздухопловно гориво ќе бидат обврзани да обезбедат испорака на гориво САФ, а авиокомпаниите ќе мора да го користат во рамките на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот