Две седми места за македонските натпреварувачи на Европското кадетско првенство во џиу џицу
Забележителен настап имаа двајцата македонски натпреварувачи на Европското кадетско првенство во џиу ицу кое изминатиот викенд се одржа во Ларнака.
Во женска конкуренција настапи Марија Треневска во категоријата У18 над 70 килограми, освојувајќи го на крајот седмото место во конкуренција на 11 натпреварувачки. За Треневска ова беше дебитантски настап на европската сцена.
Македонски претставник во машка конкуренција беше Антонио Стојчески во категоријата У18 до 69 килограми.
Во силна конкуренција на 23 натпреварувачи, Стојчески го освои седмото место.