[ФОТО] Ја нарекоа „катастрофа на естетската хирургија“: Холивудската ѕвезда се „ослободила“ од филерите, еве како изгледа

Точка

03/04/2024

14:10

7.112

Големина на фонт

а а а

Откако одредено време била на мета на немилосрдни коментари на сметка на нејзиниот изглед, актерката го вратила својот природен изглед.

Актерката од „Сексот и градот“ изминативе години имавме можност да ја гледаме во серијата.

Новото животно доба им донело нови авантури и незаборавни предизвици на хероините од спомнатата серија.


Штом се појавиле првите фотографии од сетот на серијата, на социјалните мрежи имало многу негативни коментари на сметка на лицето на Кристин, а се чини дека тие ја погодиле актерката. Таа била нарекувана катастрофа на естетската хирургија, неспособна да старее достоинствено, Џокер...

Имено, на фотографиите настанати во текот на посетата на Кенија кои Кристин Дејвис ги споделила на Инстаграм, гледаме дека таа изгледа како порано, па се појавиле шпекулации дека актерката се вратила на својот природен изглед.


Кристин Дејвис ја разбесниле навредите

Откако ликовите од серијата „Сексот и градот“ се вратија на малите екрани, Кристин Дејвис отворено зборувала за негативните реакции на сметка на нејзиниот изглед.

„Сите сакаа да коментираат, во прилог или против, не е важно, нашите коси, нашите лица, нашето ова или она“, изјавила таа пред неколку години, па додала: „Беше шокантно интензивно сето тоа“.


„Се чувствувам бесно, а не сакам да се чувствувам така постојано, па не го ни гледам тоа, но знам дека постои“, истакнала актерката.

Како што истакнала, тоа немало многу врска ни со годините затоа што со истите проблеми се соочувала и во младоста кога серијата била емитувана премиерно.


„Секоја седмица објавуваа вести за тоа дека имам тело со облик на круша, за што немав чувство дека е комплимент“, била искрена актерката.

„Тоа ми создаваше стрес затоа што не можев да го избегнам. Имам чувство дека така е и сега“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг