Нутриционистката на Новак Ѓоковиќ открива што да јадете пред, а што после тренинг

Точка

23/04/2024

21:54

10.198

Големина на фонт

а а а

Исхраната базирана на растителна храна е сè попопуларна меѓу спортистите. За неа се залага и нутриционистката Невена Веселиновиќ, која стои зад концептот Веганлук и меѓу другите го советува Новак Ѓоковиќ. Во 2010 година, тенисерот се откажа од глутенот, млечните производи и рафинираниот шеќер, а го намали и внесот на црвено месо. Денес, тој консумира само храна од растително потекло, па затоа неговото мени вклучува многу овошје, житарки, киноа, ориз и сладок компир.

"Во првиот дел од денот јадам многу овошје. Не сакам да јадам храна која бара многу енергија за да се вари бидејќи ми треба многу енергија за тренинг", објасни Ѓоковиќ последен пат на гостувањето кај Греам Бенсинџер.


Денот го започнува со топла вода и лимон, а потоа пие сок од целер. Потоа следи зелено смути богато со хранливи материи и алги. Ова е во согласност со она што Веселиновиќ ги советува спортистите, и рекреативци и професионални.

„Доколку сакате да ги намалите масните наслаги, моја препорака е да изберете комбинација од растителни протеини (протеински прав) и влакна (темнолиснат зеленчук) за појадок. Би ги избегнала бобинките“, вели Веселиновиќ.

Таа ги советува оние кои сакаат да ја зголемат мускулната маса да се свртат кон овесна каша, бобинки и протеински прав (0,9 грама на килограм телесна тежина) за појадок.

Важна е и храната што ја консумираме после тренинг

Таа вели дека најголемите грешки поврзани со исхраната на спортистите се случуваат по исцрпувачките тренинзи.

„Првото нешто што ќе го земете после тренинг во голема мера влијае на градењето на мускулите и токму тоа диктира дали ќе спречите воспаление. Воопшто не препорачувам чоколадо, дури и протеински плочки со чоколадо бидејќи содржат додаден шеќер“, објасни таа.


Во текот на денот, Веселиновиќ препорачува комбинација од растителни протеини (житарки како киноа, амарант и леќата и зелен лиснат зеленчук, црвена леќа или едаме) и влакна. За вечера, можете да изберете салати направени од микро билки и никулци, како и тофу сирење и мешунки.




Спонзорирани линкови

Маркетинг