ВИДЕО: Вербална пресметка меѓу Вучиќ и претседавачот со седницата на Советот за безбедност на ОН за Косово

Александар Вучиќ / Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

На денешната редовна седница на Советот за безбедност на ОН за Косово дошло до вербална пресметка меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседавачот со седницата, Ванеса Фрејзер од Малта, пишуваат регионалните медиуми.

Претседавачот на седницата му даде збор на Вучиќ, по кој требаше да се обрати Вјоса Османи и истакна дека и двајцата имаат по три минути за своите говори како што било претходно договорено.

Вучиќ наместо своето излагање рече дека не е договорено и додаде „но не е важно“, на што Фрејзер одговори дека „договорено е“, а сето тоа може да се види и слушне на видеото кое кружи на социјална мрежа. „ X“

 

 

Претседателот на Србија потоа го прекина претседавачот, жалејќи се со „Не, не беше договорено“, што ја натера Фрејзер да го крене гласот и да почне да ја удира тупаницата по масата, наведувајќи дека е договорено и дека нејзиниот заменик и рекол дека е договорено со српскиот претседател.

Фрејзер, исто така, истакна дека таа „не дозволува нејзиниот заменик да биде прикажан како лажго“.

По ова, Вучиќ продолжи да објаснува, но претседавачот го прекина и го врати на изговорот поради кој дошол.

„Ви благодарам господине претседателе, имате три минути“, рече Ванеса Фрејзер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот