Ова било омилено јадење на познатата актерка: Го јадела овој оброк речиси секој ден

Точка

12/04/2024

16:15

9.683

Големина на фонт

а а а

Актерката Одри Хепберн беше олицетворение на елеганцијата на екранот, позната по својот препознатлив стил, холивудска насмевка и скромност и едноставност. Хепберн најмногу уживала во некои многу едноставни јадења, а омилена храна и биле и тестенините.

Била „зависна“ од тестенини

Нејзиниот син Лука Доти открил дека покојната актерка сакала тестенини и дека била „сериозно зависна“ од нив, до тој степен што на патувањата со себе носела суви тестенини. „Открив и дека таа прави јадења со тестенини речиси секој ден, со состојки кои ги одгледуваше во сопствената градина“, изјавил Лука.


Доти ги собрал сите рецепти на мајка му и од нив направил книга наречена „Audrey at Home: Memories of My Mother's Kitchen“, која вклучува и рецепт за нејзиното омилено јадење со тестенини - шпагети во сос од домати.

„Spaghetti al Pomodoro“

Ова јадење не може да биде едноставно, а од состојките за четири лица ќе ви бидат потребни:

- 1 мала главица кромид

- 2 чешниња лук

- 2 моркови

- 2 стебленца целер

- 700 гр доматно пире или пелати

- 2 супени лажици маслиново масло

- 450 гр шпагети

- малку сол

- босилек

- рендан пармезан

Во поголемо тенџере измешајте ги лугот, кромидот, морковот, целерот и доматите и пропржете на маслиново масло. Исечкајте го босилекот и додадете го во тенџерето. Гответе 45 минути, повремено мешајќи. Додека се готви сосот, ставете вода за да ги сварите шпагетите.

Откако тестенините ќе се сварат, исцедете ги и исплакнете со млака вода. Вкусете го сосот и додадете сол по желба. Послужете ги тестенините во сад и обилно прелијте ги со сосот, а потоа наросете ги со рендан пармезан и преостанатите сечкани листови босилек.




Спонзорирани линкови

Маркетинг