ВИДЕО: Јокиќ го водеше Денвер до триумф со нов „трипл-дабл“ против Лејкерс
Кошаркарите на Денвер нагетс забележаа победа над Лос Анџелес лејкерс по драматичен финиш од 101:99 во вториот меч од НБА плеј-офот.
Тимот од Колорадо поведе со 2:0 во серијата која сега се сели во Лос Анџелес.
Српскиот центар Никола Јокиќ оствари нов „трипл-дабл“ учинок од 27 поени, 20 скокови и 19 асистенции.
Во победата на Денвер придонесе и Портер кој имаше 22 поени со девет скокови и една асистенција и Џамал Мареј забележа 20 поени, три скокови и пет асистенции.
Кај Лејкерси најефикасен беше Ентони Дејвис со 32 поени, 11 скокови и две асистенции, а го следеа Леброн Џејмс со 26 поени, осум скокови и 12 асистенции, а Расел имаше 23 поени, со три скокови и шест асистенции.