Собранието ќе одржи продолженија на три седници

 Собранието денеска треба да одржи продолженија на три пленарни седници - 138-та 140-та  и 145-та.

Во рамки на 145-та седница, пратениците ќе дискутираат по Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во трето читање, четирите предлог-закони за стратешки инвестициски проекти „Соларен парк Стипион“, AIM GREEN TECH, МИТИЛИНЕОС когенеративна постројка Скопје, соларна електрична централа Пехчево, сите по скратена постапка.

На оваа седница се и Предлогот законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Рамковниот договор за заем кој ќе се склучи меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје за програмски заем за Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје за креирање работни места во микро, мали и средни претпријатија, предложените измени и дополнувања на Законот за земјоделското земјиште и на Законот за фитофармација, сите по скратена постапка, Предлог на законот за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење, и двата на прво читање, и Предлог на Националната развојна стратегија 2024 – 2044.

На дневен ред на 138-та седница се и петте закони за реформи во јавната администрација - Предлог на законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, Предлог на законот за безбедност на мрежни и информациски системи и дигитална трансформација, Предлог на законот за административни службеници, Предлог на законот за вработените во јавниот сектор, Предлог на законот за изменување и дополнување на законот за електронско управување и електронски услуги, сите по скратена постапка, Предлог на законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање на проектот за надградба и развој на патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и Јавното претпријатие за државни патишта, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за платежни услуги и платни системи, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за управување со отпадот, сите по скратена постапка.

Пратениците во рамки на 140-та седница ќе дискутираат по предлог законите за изменување на Законот за судска служба и на Законот за јавнообвинителска служба, Предлог законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за регионална гасификација, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост, предложените измени и дополнувања на Законот за Македонската академија за науките и уметностите, на Законот за здравствената заштита, на Законот за извршување и на Законот за правосудниот испит, како и Предлог на законот за основање на Медицински факултет во состав на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, во прво читање.

Вилаш – Боаш нов претседател на Порто

„Андре Вилаш-Боаш е новиот претседател на ФК Порто“, објави клубот во соопштението за медиуми лиферувано во раните утрински часови.

Поранешниот фудбалски тренер Андре Вилаш-Боаш е избран денеска за претседател на Порто за периодот 2024-2028 година, со што го симна од тронот Хорхе Нуно Пинто да Коста, кој ја извршуваше функцијата 42 години, објави во неделата славниот португалски клуб.

„Андре Вилаш-Боаш е новиот претседател на ФК Порто“, објави клубот во соопштението за медиуми лиферувано во раните утрински часови.

Вилаш – Боаш (46), кој беше тренер на Порто, Челзи, Зенит Санкт Петербург и Олимпик Марсеј, на изборното собрание освои 21.489 гласови, наспроти 5.224 за неговиот 86-годишен противник кој беше 15 последователни мандати беше на чело на португалскиот гигант.

Како тренер, Вилаш-Боаш му донесе на Порто четири трофеи во сезоната 2010/2011, освојувајќи ја Лига Европа, националното првенство, Купот на Португалија и Лига купот.

На пропалестински протести уапсени кандидатка за претседател на САД

Кандидатката за претседател на САД од редовите на Зелената партија Џил Стајн уапсена е на пропалестински демонстрации на Универзитетот Вашингтон во Сент Луис. 

Портпаролот на нејзината кампања рече дека не се запознаени со обвиненијата.

Стајн беше на демонстрациите за да ги поддржи студентите кои поставија камп и кои порачаа дека нема да се разотидат се додека Универзитетот Вашингтон не се одвои од Боинг. Меѓу нивните барања се и бојкотирање на израелските академски институции.

Во видеото снимено пред нејзиното апсење и објавено на мрежата Икс, кандидатката на Партијата на Зелените рече дека ги поддржува студентите и нивните уставни права на слобода на говор.

„Ќе стоиме овде во линија со студентите кои се залагаат за демократија, за човекови права и се залагаат за ставање крај на геноцидот“, рече Стајн.

Дејвид Швајб, директорот за комуникации на Џил Стајн во претседателската трка, рече дека таа се обидела да ја деескалира ситуацијата меѓу демонстрантите и полицијата во саботата попладне по локално време, но дека полицијата „не реагирала“ и веднаш потоа почнала да апси.

„Како што рече д-р Стајн, срамно е универзитетските администрации да одобруваат употреба на сила против сопствените студенти кои едноставно повикуваат на мир, човекови права и крај на геноцидот од кој американскиот народ се згрозува“, рече Шваб.

Уапсени се и шефот на кампањата на Стајн и неговиот заменик.

Повеќе од 80 лица се уапсени на Универзитетот Вашингтон во Сент Луис во контекст на тековните пропалестински демонстрации, се вели во соопштението на Универзитетот.

Групата демонстранти, во која имаше студенти, вработени и поединци кои не се поврзани со универзитетот, маршираа на повеќе локации во кампусот каде што „подигнаа шатори и покажаа дека немаат намера да заминат“, соопшти универзитетот.

Велосипедска тура „Експедиција низ срцето на Илинден 2024“

Во општина Илинден и годинава се одржува велосипедска тура „Експедиција низ срцето на Илинден 2024“ епизода II, која е во организација на Здружението МТБ Илинден, а со поддршка на Општина Илинден.

На настанот учествуваат над 150 велосипедисти од целава земја, а стартната позиција беше од пред спортската сала Гоце Делчев во општина Илинден, каде присуствуваше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски кој им посака успешно возење.

Велосипедската тура се вози по асфалтен и земјен пат низ пределот на општина Илинден во должина од околу 45 километри. Турата се вози групно со попатни паузи, кај местото наречено Борчиња, манастирот во Дељадровци, манастирот во Бучинци, крстот во Бучинци, манастир кај Ајватовци и крајната цел спортската сала Гоце Делчев. Оваа велосипедска тура се класифицира како средно тешка и потребна е претходна физичка подготвеност за да се стигне до целта.

Покрај велосипедската тура ќе се одржи и едукативна работилница за деца поддржана од Вело училишта наменета за децата од основните училишта.

Исто така, настанот е од хуманитарен карактер, со цел поддршка во собирањето средства за лекувањето на Алексеј Анастасовски.

-Со оглед на тоа што овој настан се одржува втора година по ред и има голем интерес кај велосипедистите, поддршката ќе ја има и понатаму од Општина Илинден, велат општинските власти.

притисни ентер