[ВИДЕО] Рецепт кој мора да го пробате: Пржените лепчиња без јајца се хит во светот

Точка

06/04/2024

18:23

11.554

Големина на фонт

а а а

Освен што се вкусен оброк и секогаш добра идеја кога сакате да подготвите нешто лесно и брзо, пржените лепчиња се одлични и поради тоа што го искористувате стариот леб.

Иако пржените лепчиња во главно се подготвуваат со јајца, популарната блогерка Yumna објави видео на ТикТок во кое споделила рецепт за подготовка на пржени лепчиња, но без јајца и шеќер (кој се користи во француската верзија).

Вака подготвените лепчиња се хит во светот веќе некое време, а вкусот им е одличен.


Трикот е во тоа да растопите коцка путер во тава на среден оган, а потоа да додадете две лепчиња и да ги прелиете со млеко. Додајте малку цимет одозгора и остатокот од рецептот е вообичаен – пржете ги лепчињата додека не поруменат од двете страни и додека млекото не испари.

Во текот на пржењето, лепчињата ќе станат крцкави, а можете да ги подготвите во слатка и солена варијанта (без да додадете цимет), исто како што го правите тоа со класичните пржени лепчиња.



Спонзорирани линкови

Маркетинг