Вархеји за Бгнес: Критериумите за членство на С. Македонија во ЕУ се многу јасни, не очекувам промена во преговарачката рамка

Еврокомесарот Вархеји отфрла промена на преговарачката рамка, порача - критериумите за членство на Македонија во ЕУ се многу јасни.

Вархеји кој денеска е во посета на Бугарија, во интервју за БГНЕС, тврди дека договорот од јули 2022 година, нема да се промени и смета дека земјите членки на Унијата нема да сакаат повторно да го отворат прашањето Скопје – Софија. 

Очекува веднаш по изборите во мај, новата, како што вели, северномакедонска влада, да се зафати за ова прашање, за да се продолжи со исполнувањето на критериумите. 

- Критериумите се многу јасни од 2022 година, кога беше усвоена Преговарачката рамка. Тие мора да се исполнат и во оваа смисла не очекувам некаква промена. Не мислам дека земјите-членки ќе сакаат да ревидираат некој од условите. Јасно е дека тие мора да се исполнат. Се надевам дека по изборите новата северномакедонска влада ќе продолжи со работата и ќе продолжиме со исполнување на критериумите. - рече Вархеји.

Вархеји денеска имаше средба со бугарскиот претседател Румен Радев. Веднаш по разговорите, Радев објави на својот фејсбук профил, дека му порачал на Вархеји дека проширувањето на ЕУ треба да се заснова на јасни принципи, но и дека гледа негативни пораки од Скопје 

- Изјавите на водечките политички фигури во Република Северна Македонија, дадени таму за време на актуелната изборна кампања од провокативен карактер кон Бугарија, не помагаат да се зајакне дијалогот меѓу нашите две земји. - напиша Румен на фејсбук.

И Радев очекува, веднаш по изборната кампања и оддржувањето на изборите во мај, спроведување на европската одлука одлука од 2022 година. Порачува дека добрососедството е главен аспект во процесот на проширување и додава дека ќе биде потребно обновување на напорите за, како што вели- конструктивна билатерална соработка.