Нов напад на ИД во Сирија: Убиле најмалку 18 лица, кои тргнале да собираат тартуфи

6.03.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нов напад на ИД во Сирија: Убиле најмалку 18 лица, кои тргнале да собираат тартуфи

Вооружени напаѓачи за кои се верува дека се поврзани со групата Исламска држава во Сирија убиле 18 лица ловци на тартуфи во пустината, а повеќе од 50 се водат како исчезнати, соопшти воен мониторинг.

„Потврдено е дека се убиени 18 лица, вклучително и четворица провладини борци... додека повеќе од 50 се уште се водат како исчезнати, по нападот извршен од вооружени лица за кои се верува дека се поврзани со ИСИС“, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права, објави ВОА.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата