Митева за ТВ 24: По 8-ми мај, идната влада ќе ја предводи Мицкоски, очекуваме убедлива победа

Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 Отворено рече дека првиот круг на претседателските избори покажа дека по 8-ми мај, идната влада ќе ја предводи Мицкоски и дека партијата ВМРО-ДПМНЕ ќе извојува убедлива победа.

- Очекувам дека ќе имаме една стабилна влада која на граѓаните ќе им даде предвидливост и висока трансформација на Македонија за сите погрешни политики кои беа направени во изминатите седум години. Преку оваа кампања покажавме дека имаме што да понудиме, се осврнавме на сите најранливи точки на животот на граѓаните, понудивме решение за истите, поддршката е недвосмислена и очекуваме истата да се продлабочи и зголеми на 8-ми мај. - рече Митева.