Реал Мадрид синоќа одигра 4:4 со Реал Сосиедад и се пласираше во финалето на Купот на Кралот.

Победникот од двомечот беше решен по продолженија, откако основните 90 минути завршија со резултат 4:3 за Реал Сосиедад.

Головите за домашниот тим ги постигнаа Ендрик (30.минута), Белингам (82), Чуамени (86) и Рудигер (115), додека за Сосиедад погодија Андер Баренечеа (16), Давид Алаба (автогол 72), Микел Ојарзабал (80. и 90+3. минута).

На првиот натпревар Реал победи со 1:0 и со вкупни 5:4 избори финале.

Вториот финалист ќе биде познат вечер по одигрувањето на реваншот меѓу Атлетико и Барселона (4:4 прв натпревар).


Администратор
02/04/2025 14:16