ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Спасевска: Кога уметникот прави „исповед на платно“

Ѓоргина Спасевска / Фото: ''Слободен печат'' / Драган Митрески

Има ли Македонија генијалци и иноватори? Што креираат генијалците и по што се издвојуваат од своите врсници? Колку иновации има во државава и колку се иновативни нашите поединци, а на колку се работи? Прашања на кои малкумина го знаат одговорот. „Слободен печат“ ќе се обиде преку серијал да обезбеди барем мал дел од одговорите и да им даде шанса на генијалците и на иноваторите да ѝ ги претстават своите креации и идеи на пошироката јавност. Креатори на игри, успешни шахисти, инженери, научници, балерини … се само дел од ликовите што ќе бидат дел од нашиот серијал. Се надеваме дека на ваков начин ќе ја поттикнеме јавната свест но и надлежните институции да се издвојуваат повеќе средства за оваа намена, да најдат начин да ги промовираат нивните идеи онаму каде што треба за подобро утре за сите нас. Воедно, ова нека биде и отворен повик до сите што сакаат да ги споделат своите успеси и иновации со нас, но и со целата јавност, да се пријават на официјалната имејл-адреса.

Ѓоргина Спасевска е уметница по избор. За „Слободен печат“ вели дека има креативни работилници што сака да ги нарекува „исповед на платно“.

– Јас сум уметник по избор. По вокација сум нешто друго, т.е. економист. Значи, уметноста секогаш била присутна во мојот живот, меѓутоа имаше некоја пауза, од не знам, некои седум-осум години-вели Спасевска.

Ѓоргина Спасевска / Фото: ”Слободен печат” / Драган Митрески

Повторната желба за творење и се појавува во втората бременост.

– Со втората ќерка кога бев бремена, некако повеќе се интензивира, таа желба за творење. Купив платно, за неа купив и акрилни боички. Јас почнав да цртам буквално не престанав-вели Спасевска.

Тоа практично бил почеток на интензивно творење.

Ѓоргина Спасевска / Фото: ”Слободен печат” / Драган Митрески

 

– Моментално сме во моето студио, студиото се вика „The Church“. Имам креативни работилници што, некако, сакам да си ги викам „исповед на платно“. Фактот што немам академска заднина, некако мене ми дава слобода да бидам тоа што сакам. Затоа мислам дека е клучно да го храниме детето во нас и мислам дека секој треба да се врати на тие корени на игривост и креативност без страв дека ќе згреши. Но и да погреши не е страшно-вели Ѓоргина.

Целото интервју на колешката Агнеса Чаволи погледнете го во продолжение:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот