Парис Хилтон му посака добредојде на овој свет на своето второ дете.
Единаесет месеци откако стана мајка, 42-годишната бизнисменка ги изненади фановите со веста дека доби ќеркичка.
„Благодарна за мојата ќеркичка“ – напиша таа.

Иако на почетокот таа објави само розова бебешка облека без да разјасни дали станува збор за раѓање на дете, подоцна во коментарите на TikTok таа напиша: „Мојата принцеза пристигна“.
Бебенцето го доби името Лондон, а веројатно и овој пат станува збор за сурогат-мајка.

Ова е второ дете на Парис со Картер Реум. Тие стапија во брак во 2021 година, а го добија синчето Феникс во јануари оваа година со помош на сурогат-мајка. Претходно, имале неуспешни обиди и за ин витро.
„Отсекогаш ми беше сон да станам мајка и среќна сум што со Картер се најдовме еден со друг. Возбудени сме што заедно го основаме нашето семејство и срцата ни експлодираат од љубов за нашето момче“ - изјавила Парис за People по добивањето на синчето.


