Олимпијакос или Астон Вила, кој ќе биде вториот финалист во Конференциската лига?

Момент од натпреварот Астон Вила - Олимпијакос во Бирмингем/фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Денеска од 21.00 часот ќе се игра реваншот од полуфиналето во Конференциската лига помеѓу фудбалерите на Олимпијакос и Астон Вила.

По првиот натпревар грчката екипа има предност од 4:2 и останува да се види дали играчите предводени од тренерот Хосе Луис Мендилибар ќе успеат да ја одбранат истата.

Победникот од овој двомеч во финалето на 29 мај во Атина, Грција, ќе игра против Фиорентина која во полуфиналето со вкупен резултат 4:3 го елиминираше Клуб Бриж.

Еден од најзаслужните за големиот успех до сега сезонава на Олимпијакос во Конференциската лига е мароканскиот интернационалец Јусеф Ел-Араби кој на седум натпревари во ова натпреварување постигна осум голови (и една асистенција), а дури три од нив запишани токму на првиот меч против Астон Вила минатата недела.

Според најавите на возвратниот дуел во Пиреј во редовите на Олимпијакос на листата повредени фудбалери се Бианконе, Фадига и Леиднер, а на спротивната страна кај Англичаните поради повреда ќе отсуствуваат Буендиа, Камара, Мингс, Рамзи и Роџерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот