Како на фан страна на гостилница, почнаа да се рекламираат и кандидати за пратеници?

Деновиве, бевме изненадени како на социјалните мрежи, наеднаш почнаа да се појавуваат постови од извесна „Милена Крстева“, кандидат за пратеник од Нова Алтернатива, политичката партија на Данела Арсовска.

Ниту, сме ја заследиле, ниту знаеме за кого станува збор.

Малку треба повеќе да навлезеш во нејзината Фејсбук страна за да забележиш дека Фејсбук страната на поранешната кафеана „Канцеларија“ сега е фејсбук страна на кандидат за пратеник и на неа се споделуваат објави на Данела Арсовска и политичката партија „Нова Алтернатива“. 

За да биде апсурдот поголем, на фејсбук страната на која се промовира кандидатот за пратеник, уште може да се најдат понудите на гостилницата која според објавите на постои повеќе од 5 години. 

Тенка е линијата од гостилница до пратеничка листа, поконкретно од гостилницата „Канцеларија“ до „Милена Крстева“, или можеби не.

Веројатно, ќе беше потенка доколку се избришаа старите објави и се почнеше одново.