Промоција на кривопаланечки драми утре во Крива Паланка

Утре 19 април 2024 во НУ Центар за култура Крива Паланка со почеток од 12 часот, ќе се одржи промоција на кривопаланечки драми.

На промоцијата ќе бидат прикажани делата „Ожењи се Санде калајџија“ и „Најефтината свадба“ од авторот Страхил Алексиќ. Делата се инспирирани од вистински настани-дел од кривопаланечката историја и традиција. Напишани пред три децении, сѐуште интересни за постановки пред публиката.

Рецензент: Емилија Колевска

Настанот е дел од “Крива Паланка – Град на културата”