Ковачевски ги демантираше наводите за спремање бојкот на претседателските избори

Димитар Ковачевски/Слободен Печат/фото Слободан Ѓуриќ

Претседателот на СДСМ Ковачевски го демантира Мицкоски. Откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го прозва и обвини дека подготвувал бојкот на вториот круг претседателски избори на 8. мај, поранешниот премиер рече дека тие информации не биле точни. Тој ги повика сите граѓани масовно да излезат на гласање за вториот круг претседателски и за парламентарните избори.

„Тие информации не се точни. Јас вчера на митинзите во Сарај и Чучер Сандево повикував граѓаните да излезат масовно и на 8. мај да го поддржат Стево Пендаровски и коалицијата За европска иднина на парламентарните избори. Да избереме и претседател и парламент, за Македонија да го продолжи својот пат кон европските интеграции“, рече Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот