ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Стојчевски: За една година околу 2.000 несреќи на работно место и 17 починати

Борче Стојчевски/ Фото: „Слободен печат“, Мете Здавев

Колку лица има повредено на работно место? Колку од нив завршиле фатално? Во која индустрија најмногу се случува несреќите при работа? Утрово во емисијата „Слободен печат“ одговор побаравме од Борче Стојчевски, стручно лице за безбедност и здравје при работа, член на здружението ТУТЕЛА.

Стојчевски вели дека секоја година статистиката на повредени лица на работно место се разликува.

– Според податоците на Државниот инспекторат за труд кои можев да ги слушнам беа дека се околу 2.000 повреди при работа и 17 повреди со смртни последици. Така ако зборуваме за извор официјален и најточен сметам дека Државниот инспекторат за труд ги има најточните податоци. Бидејќи законска обврска на секој работодавец е секоја повреда која е боледување над 3 дена ја пријави во Државниот инспекторат за труд-вели Стојчевски.

Тој вели дека во изминатиот период многу се дискутирало на оваа тема и има иницијатива за измена на Законот за безбезбедност за здравје при работа и правилниците кои произлегуваат од него.

– За нас како држава битно е да утврдиме кои се тие индустрии каде што треба да се зајакне контролата и кои мерки треба да се преземат за да не се повторуваат овие повреди при работа. Културата на безбедност и здравје при работа е многу важна да се подигне за да потоа зборуваме за минимални бројки-вели Стојчевски.

Тој вели дека кај нас најголемиот дел од смртни повреди се во градежништвото.

– Во моментов најбитно е да се стабилизира состојбата, секој што ќе се појави, секоја компанија да применува доволно мерки за безбедност при работа. Проблемот не е само во законската регулатива, недореченоста и неможноста за постапување на Државниот инспекторат за труд, дел од вината е од работодавците, меѓутоа дел е и од вработените со нивната свест и совест-вели Стојчевски.

Тој објаснува дека винови сме сите, почнувајќи од нас, потоа стручните лица, кои недоволно посветуваат внимание, недоволно се едуцираме за тоа што се треба да преземеме да спречиме повреди при работа и професионални заболувања.

– Она што не го гледаме, тоа е во производство, во индустријата и тоа е, нели, во затворен круг, и не можеме да видиме што се случува таму. Можам да кажам дека голем дел од компаниите во Република Северна Македонија, навистина, вложуваат максимални напори за намалување на бројот на повреди. Но тоа многу зависи човечкиот фактор-вели Стојчевски.

По градови, Скопје е најголем, тука бројот на несреќите е најголем, меѓутоа статистиката говори дека следуваат Гостивар, Битола. Околу тоа кој е полош работодавец, приватниот сектор или државата Стојчевски вели дека тоа е добра идеја за анализа, но засега ја немаат направено.

– Ни треба нов закон, треба директор да се свести дека тој е одговорниот, а не некој што ќе дојде од страна да му направи процена на ризик. Не дека не чинеше до сега законот па сега правиме нешто ново. Тој систем го надмина времето. Законот е од 2007 година, таква беше состојбата-вели Стојчевски.

Тој објаснува дека може да се направи идеален закон, но ако не се применува нема ефект. Околу најризичната група по старост, Стојчевски вели дека повозрасните се поризични, па затоа во светот и кај нас има посебни и правилници за младите работени.

– Меѓутоа имаме правилници и за повозрастната категорија за одредени дејности да не работат на ризични работни операции, повозрастните. Најбитно е да се крене свеста кај сите, ние сите треба да учествуваме во овој процес, почнувајќи од медиумите. Нормално, ако секој од нас го даде својот дел, почнувајќи од мене како стручно лице, да се вложувам максимално таму каде што ме ангажираат за да сите тие што ги едуцирам и им кажувам, им пренесам што повеќе знаење за да тие тоа го применат ќе има резултати-вели Стојчевски.

Целото интервју погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот