logo
logo
logo

Османи утре во прва официјална посета на Саудиска Арабија

Vecer | 26.11.2022

Османи утре во прва официјална посета на Саудиска Арабија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, утре ќе престојува во прва официјална посета на Кралството Саудиска Арабија, на ниво на министри за надворешни работи. За време на посетата, како што соопшти МНР, Османи ќе оствари средба со Неговото Височество Принц Фаисал бин Фархан Ал Сауд, министер за надворешни работи на Кралството Саудиска Арабија, како и со други високи официјални претставници на земјата. Целта на посетата е понатамошно унапредување на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Кралството Саудиска Арабија, со посебен фокус на соработката во областа на економијата, туризмот и бизнис релациите меѓу двете земји.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk