Петрушевски за ТВ 24: Може да си дозволиме да рокади во изборните листи со потенцијалот и кадрите кои ги имаме

Бране Петрушевски пратеник и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа рече дека Милошоски може најмногу да даде во четвртата изборна единица, со оглед на потенцијалот и кадрите кои ги имаме. Вели дека не потклекале пред ниту еден притисок пред изборите, особено во кампањата,

- Може да си дозволиме да направиме такви рокади во изборните листи. И ленството и граѓаните се задоволни од она што како опозициски пратеници го сработевме изминатиот мандат. Издржавме  на своите ставови и покрај сомнежите кои ги имаше во јавноста и медиумите, покажавме дека можеме чесно и одговорно да ги браниме позициите на државата. Немаше притисоци само за уставните измени, имавме спинови од социјалните мрежи. Сериозни беа притисоците и немаме шведска влада и да водиме таква политика, туку имаме ликови како Маричиќ, Груби, не е лесно да се издржат такви притисоци. Оние што ги нема на листите ќе ги гледате во кампањата и тие ќе дадат придонес за историската двојна победа, од опозиција во позиција. - рече Петрушевски.