Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Изборите на 8 мај ќе бидат многу тешки, но резултатот сè уште не е одлучен. СДСМ никогаш нема да се откаже од европската иднина на државата, затоа што само така ќе успееме да изградиме подобар животен стандард, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски попладнево во Сарај во рамки на митингот на Коалицијата за европска иднина.

– Ја прифаќаме силната порака која на вчерашниот изборен ден ни ја испратија граѓаните. Знаеме дека изборите на 8-ми мај ќе бидат многу тешки, но резултатот сè уште не е одлучен. Одлуката е во рацете на граѓаните, но сите треба добро да размислат како ќе влијае на нашата иднина ако десничарска партија добие преголема моќ или ако се вратиме во грдите времиња на меѓуетнички тензии, истакна Ковачевски.

Потенцираше дека СДСМ никогаш нема да се откаже од европската иднина на државата, затоа што, како што вели, само така ќе успеаме да изградаме поквалитетно образование и здравство, поефикасна борба против криминалот и корупцијата и подобар животен стандард за сите граѓани.

Во рамки на Европскиот караван на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, по Сарај, најавено е Ковачевски, носителите, коносителите и останатите кандидати за пратеници да го посетат и Чучер Сандево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот